Повик за учество на семинар за граѓанско новинарство
ЦИВИЛ – Центар за слобода ги поканува сите заинтересирани да учествуваат на шестиот регионален семинар за граѓанско новинарство кој ќе се одржи на 22 и 23 април, со почеток во 11 часот, во хотел Сити парк во Скопје. Право на учество имаат сите полнолетни граѓанки и граѓани од Скопје, Гостивар, Тетово, Куманово, Крива Паланка и сите околни општини.
Присутните ќе се приклучат на големото семејство граѓански новинарки и новинари кои во досегашните пет семинари за граѓанско новинарство се стекнаа со теоретски и практични вештини за граѓанскиот активизам, онлајн активизмот и новинарсткото истражување.
Одлика на граѓанското новинарство ширум светот е објективно, брзо и нецензурирано известување од лице место користејќи мобилен телефон, интернет и социјални мрежи. Храбрите и решителни граѓански новинарки и новинари се наоѓаат во првата линија во борбата против медиумското дезинформирање, искривување на вистината и непрофесионалнста со што се соочува новинарството во Македонија.
Сите заинтересирани можат да се пријават преку пополнување на онлајн формуларот, којшто одзема само неколку минути. Можно е и аплицирање преку електронската адреса на civil.macedonia@gmail.com, со кратка биографија и мотивациско писмо (максимум по 10 редови) во кои кандидат(к)ите накратко ќе ги опишат своите вештини и ќе изразат подготвеност за учество на семинарот.
За повеќе информации, заинтересираните можат да се јават на 02/5209176, да напишат порака на civil.macedonia@gmail.com или на Фејсбук страницата Citizen Journalists.
Проектот Граѓански објектив е финансиски поддржан од National Endowment for Democracy.
ЦИВИЛ е корисник на институционален грант на Цивика мобилитас.



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #46140](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/javen-nadzor-mala.png)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #46135](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/untitled-design-1-768x231.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #46004](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/blagodarnica_ck-838x1024-1-768x938.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45958](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/sead-il3-768x512.webp)