Конференција: Нов пристап кон ефективна социјална вклученост
Објавено: 06/04/2017
Здружението Институт за развој на заедницата Тетово организира завршна конференција во склоп на проектот „Стручно образование и обука – Нов пристап кон ефективна социјална вклученост“. Настанот ќе се одржи на 06 април 2017 година, ќе трае од 11.00 до 13.30 часот во ЕУ инфо центар, Скопје.
На завршната конференција ќе бидат презентирани спроведените проектни активности и остварени цели и резултати.
Овој проект е спроведуван од страна на Здружението Институт за развој на заедницата Тетово во партнерство со ДВВ Интернационал од Бон, Германија.Тој има за цел да понуди стручно образование и обука на осудени лица, на кои по издржување на казната ќе им помогне да се интегрираат во општеството и да бидат конкурентни на пазарот на трудот.
Здружението Институт за развој на заедницата Тетово е корисник на мал акциски грант на Цивика мобилитас.