[Aggregator] Downloaded image for imported item #45537

ЗНМ и УНДП: Награди за најдобри стории за загадувањето на воздухот 

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) со финансиска поддршка од Шведска, денеска ги додели наградите за најдобри новинарски стории за 2025 година на тема: „Справување со загадувањето на воздухот – јакнење на јавната свест за проблемите и можните решенија“. 

Прва награда му се додели на Михаил Милошевски за сторијата „Уште пет града дознаа што им го загадува воздухот, што ќе преземат градоначалниците“, објавена на 360 Степени. 
Станува збор за сеопфатна видео-сторија која вклучува релевантни соговорници од институции, локални власти, експерти, граѓански организации и граѓани. Истражувањето опфаќа едногодишно земање мостри и мерења, при што се утврдуваат конкретните извори на загадување во повеќе града во државата. Според комисијата, сторијата е изработена согласно највисоките професионални стандарди и нуди јасен увид во проблемот, но и можни насоки за негово надминување. 

Втора награда ја доби Бојан Блажевски од Призма за сторијата „Властите виновни за занемарувањето на македонската депонија со фосфогипс“. 
Комисијата оцени дека оваа истражувачка сторија нуди темелна анализа, богата документација и визуелизации, со што придонесува за продлабочување на јавната дебата и отчетност на институциите.

Трета награда му се додели на Владимир Калински од Радио Слободна Европа за сторијата „Секој здив боли“, која преку лична приказна ја прикажува човечката димензија на аерозагадувањето и неговото влијание врз здравјето на граѓаните. Комисијата оцени дека станува збор за силен и професионално изработен текст кој ја доближува темата до јавноста преку емотивен, но аргументиран пристап. 

Дополнително, беше доделено Посебно признание на Орце Костов од Фокус за сторијата „Ниедна мерка не дава резултат, скопјани дишат најотровен воздух во Европа“, како поттик за понатамошна работа на теми од областа на животната средина и истражувачко новинарство. 

Во рамки на настанот свои обраќања имаа претставници на организаторите и поддржувачите. 

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски, во обраќањето ја нагласи улогата на новинарите во кревањето на јавната свест и моќта на медиумите да поттикнат институционална одговорност и општествени промени. „Со темелна анализа и посветена работа, новинарите можат да ги хуманизираат последиците од загадувањето и да покажат како тоа влијае врз семејствата, децата и ранливите категории. Кога приказната ќе добие човечко лице, станува повик на акција”, истакна Чадиковски. 

Амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром, се осврна на значењето на поддршката на слободното и професионално новинарство како клучен столб на демократските процеси и одржливи политики за заштита на животната средина. 

Постојаниот претставник на УНДП во земјава, Армен Григорјан, ја истакна улогата на медиумите во информирањето на јавноста и во поттикнувањето решенија засновани на податоци и факти. Тој нагласи дека со повикот и наградите се охрабрува поголема и поконзистентна медиумска покриеност на темата за аерозагадувањето на локално и национално ниво, со цел јавноста да биде подобро информирана. 

На јавниот конкурс пристигнаа вкупно 20 новинарски стории, а комисијата беше составена од новинарите Соња Петрушевска, Един Растодер и Горан Момировски. 

Проектот „Справување со загадувањето на воздухот“ е дел од Програмската рамка на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП), финансирана од Шведска. Проектот го имплементира УНДП во партнерство со Здружението на новинарите на Македонија и  Министерството за животна средина и просторно планирање и општините Кавадарци, Куманово, Гостивар, Струга и Струмица. Во рамки на програмата исто така се спроведува и проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“.  

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на новинари на Македонија (ЗНМ)

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор