[Aggregator] Downloaded image for imported item #45215

Успешно реализиран #ЗеленПеток 5: „Размена наместо отпад“

Петтиот #ЗеленПеток го одбележавме со акцијата „Размена наместо отпад“, иницијатива што ја слави повторната употреба и одговорната потрошувачка. Настанот беше најавен ден претходно во утринската емисија Македонија наутро на Македонска радио телевизија, што придонесе за поголема информираност и вклученост на граѓаните.

Акцијата предизвика значителен интерес и позитивен одзив од заедницата. Околу 30 граѓани учествуваа во размената, носејќи книги, растенија и мали предмети кои добија нови сопственици наместо да завршат како отпад. Во текот на 90-минутниот настан се создаде пријатна и инспиративна атмосфера, исполнета со разговори за одржливи навики, локална одговорност и малите чекори што прават голема разлика.

Особено нѐ охрабри фактот што присутните изразија желба оваа иницијатива да продолжи и понатаму. Токму затоа, донесовме одлука штандот за размена да остане како постојана поставка во нашата канцеларија, овозможувајќи им на граѓаните во секое време да разменат предмет наместо да купат нов.

Со #ЗеленПеток 5 уште еднаш потврдивме дека одржливоста започнува локално – со заедничка волја, едноставни идеи и конкретна акција.

*Активноста е во рамки на проектот „Еко иницијатива: граѓаните и локалната власт во акција за заштита на животната средина!“, имплементиран од Здружение СТАНИЦА ПЕТ, во рамки на програмата за подгрантирање на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан”, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42, а е финансиски поддржан од Европската унија.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор