%d1%80%d0%b5%d1%81 1.jpg

Застапеноста на жените е несразмерно помала во однос на мажите во телата на одлучување во спортските организаци

Резултатите од спроведеното истражување „Родова еднаквост и инклузивност во спортот во Северна Македонија“ покажуваат дека жените се значително помалку застапени од мажите на раководните позиции во спортските организации во Северна Македонија.

рес 1

Застапеност на позиции на одлучување

Според податоците од истражувањето, на позицијата претседател/ка во организациите доминираат мажите со 87%, додека жените се застапени само со 13%. Малку повисок е процентот на жени на позицијата генерален секретар/ка, 17%, иако мажите се далеку побројни со 83%. Иста е сликата и кај членовите на генералните собранија каде застапеноста на мажите е 83%, наспроти 17% жени. Овде да напоменеме дека лицата со попреченост се застапени со 10% кај мажите и 3% кај жените.

Кога станува збор за членовите на извршното тело на спортската организација (извршен комитет, управен одбор или друг назив), родовата застапеност е повторно во корист на мажите кои се претставени со 77%, од кои 9% се мажи со попреченост, додека жените со застапени со 23%, од кои 2% се жени со попреченост.

slika 1 i 2 RES grafikoni

Ги проверувавме и ограничувањата на мандатите на членовите на овие тела и начинот на бирање. Податоците покажуваат дека во 11 (37%) организации има ограничувања на мандатот на членовите на извршното тело. Во најголем дел од случаите, ограничувањата се на најмногу два мандати, додека должината на еден мандат е најчесто четири години. Околу две третини (70%) од спортските организации одговориле дека имаат ограничувања на мандатот за позицијата претседател/ка, од кои во најголем дел максималниот број на мандати изнесува два, додека должината на еден мандат е најчесто четири години. Во ниту една од организациите нема старосна граница за обавување на позицијата претседател/ка или за членување во управните тела.

Само во две организации членовите на извршното тело се бираат преку јавен повик врз основа на квалификации и надлежности наместо да бидат именувани, додека во шест, делумно се бираат на овој начин. Неколку спортски организации нагласија дека изборот се врши во рамките на собранието, на предлог на претседателот на федерацијата.

Родовата дистрибуција кај лицата кои се вработени во спортските организации со полно работно време повторно укажува на доминација на мажите, но и на значајно ниска застапеност на лицата со попреченост. Оттука, само 1% од вработените лица се мажи со попреченост и ниту една жена, наспроти мажите без попреченост кои сочинуваат 61%, а жените 38%.

RES grafikon 6

Политики за еднаквост

Родовата еднаквост како организациска политика е застапена во документите на спортските организации, и тоа: кај 77% таа е дел од стратегијата на организаицјата, кај 27% е застапена во статутите и во 20% е застапена и во деловниците на организациите. Кај 48% од организациите, во кои родовата еднаквост е интегрален дел од политиките на организацијата, таа е само делумно спроведена, а во 15% сѐ уште не е спроведена. Една од организаците навела дека има Правилник за родовата еднаквост.

Што се однесува на политиките поврзани со попреченоста, во 53% е посочено дека тие се интегрален дел од политиките на организацијата, од кои во половина се само делумно спроведени, додека 31% од политиките сѐ уште не се спроведени. Четири организации (13%) одговорија дека имаат воспоставено родови квоти, во статутот наорганизацијата кои се однесуваат на извршниот одбор и/или другите позиции на одлучување. Три организации имаат квоти за  вклучување лица со попреченост.

RES GRAFIKON 8

Препораки

Препораките кои произлегоа од истражувањето се насочени кон креирање системски решенија кои ќе го подобрат статусот на родовата еднаквост и инклузивноста во спортот. Дел од нив се: воведување задолжителен услов за државно финансирање на националните спортски федерации, со минимум од 40% родова застапеност на одлучувачките позиции во структурите на федерациите; воспоставување систем за собирање, анализа и јавно објавување на интерсекциски разделени и пристапни податоци, со цел транспарентно следење на поддршката и развојот на спортот во женска категорија; формирање комисии за родова еднаквост и инклузија или назначување лица одговорни за овие прашања; итн.

Позадина за инстражувањето

Целта на истражувањето е да се анализира вклученоста на жените во спортските инсти-туции и организации во Северна Македонија, со специфичен фокус на структурните и културолошките бариери кои го ограничуваат пристапот и напредокот до раководни позиции во рамките на спортските организации. Истражувањето се реализираше во рамки на проектот „Фер игра: поддршка за родова еднаквост во спортските политики“, кој го спроведува Олимпискиот комитет на С. Македонија во соработка со Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), Спорт Социал Солушн и Параолимписки комитет. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија.

mkПодатоците во истражувањето беа добиени помеѓу јули и септември 2024 година преку онлajн прашалник до националните спортски федерации и до Олимпискиот и Параолимпискиот комитет на Северна Македонија. Од вкупно 60 контактирани спортски организации, одговорија 30. Истражувачкиот тим наиде на одредени ограничувања при дефинирање на примерокот заради некореспондирање на податоците на институциите, некохернтна квалификација на субјектите како спортски федерации, но и непостоењето информации за контакт, ниту официјални веб-страници на дел од регистрираните федерации. Дополнително, беше организирана една фокус група со 12 учесници/чки и се спроведоа 10 интервјуа за да се истражат бариерите и факторите на ризик со кои се соочуваат жените во нивните спортски кариери.


Поврзани:


Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор