Screenshot

Започнува Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“

Креирање вештини кај младите за критичко размислување, спротивставување на дезинформациите и градење активно и одговорно граѓанство

Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), во партнерство со ИРЕКС, Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието го започна новиот проект за медиумска писменост „Младите размислуваат“. Овој петгодишен проект ги обединува македонските и меѓународните партнери во работата со младите, со цел развивање на вештините за критичко размислување и критички пристап кон информациите кои им се потребни за да изградат отпорност на дезинформации, со што ќе придонесат за градење активно, одговорно граѓанство водено од емпатија.

ИРЕКС ќе работи и со Институтот за комуникациски студии, Младинскиот образовен форум и ново-создаденото младинско советодавно тело „Учиме да распознаваме“ (УРА тим), кое е прво од ваков вид, а чијашто цел е да се погрижи младите во земјата да имаат важна и активна улога во осмислувањето на активностите, кроењето политики и донесувањето одлуки на државно и локално ниво.

Амбасадорката Кејт Брнз истакна дека „без разлика на нивниот извор, информациите се моќни само ако луѓето знаат како да ги користат. Оние кои одговорно ги користат информациите ќе ја зајакнат општествената кохезија, ќе бараат добро владеење и управување и ќе преземат иницијатива за подобрување на животот и можностите на нивните семејства и заедници“.

Министерката за образование и наука Мила Царовска во своето обраќање нагласи дека новите наставни програми што се реализираат од оваа учебна година треба да помогнат во создавање генерации коишто имаат повеќе знаења и алатки за справување со лажните вести. „Критички освестени граѓани, кои активно учествуваат во јавните дебати влијаат на промените. Тие ги предизвикуваат институциите на поголема транспарентност и отчетност, нешто навистина потребно за прогрес на општеството кое води грижа за секој и за економскиот раст и развој на државата.“

Михајло Лахтов, директор на проектот, истакна дека е од суштинско значење да се работи со младите уште од многу рана фаза, за да им се помогне да развијат вештини и навики што им се потребни за да изградат отпорност на дезинформации. „Проектот за медиумска писменост „Младите размислуваат“ ќе мобилизира стратешки партнерства низ целото општество и ќе се заложи за стекнување медиумска писменост и вештини за критичко пристапување кон информациите во редовните предмети во училиштата и на универзитетите во сите години на образовниот процес, но и преку неформални активности во младински клубови и организации кои ги водат младите и се наменети за нив“, рече Лахтов.

Изразувајќи ја својата поддршка за иницијативите за подобрување на квалитетот на образованието, Зеќирија Хасипи, директорот на Бирото за развој на образованието, истакна дека медиумската писменост е застапена во новите наставни програми со цел „да создадеме ученици оспособени критички да размислуваат, анализираат различни форми на изразување и да стекнуваат вештини кои подразбираат медиумска писменост“.

Директорката на МИМ Билјана Петковска истакна дека „од клучно значење е наставниците од основното и средното образование да стекнат знаења, вештини и да користат образовни ресурси коишто ќе овозможат системска интеграција на медиумската писменост во образовниот процес“.

photo 2 2 2

На младинската дебата во рамки на настанот, пет панелисти кои претставуваат различни групи млади во општеството разговараа за важноста на медиумската писменост во денешниот информативен пејзаж и за интегрирање на таквите вештини и ресурси во училниците за младите да станат уште поактивни чинители во нашето општество.

Панелистите се осврнаа на различните начини на кои дезинформациите влијаат врз нивните животи и нивните заедници, како и на можните механизми за борба против овој феномен. Сите учесници истакнаа дека медиумската писменост и вештините за критичко размислување се неопходни за полесно снаоѓање низ информативната средина на 21 век на безбеден и одговорен начин.

Покрај ова, ИРЕКС, МИМ, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието потпишаа Меморандум за разбирање што ја потврдува соработката и дава јасна насока за системско воведување на вештините и концептите на медиумската писменост и критичкиот пристап кон информациите во наставните програми за основните и средните училишта низ Северна Македонија.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА УРЕДНИЦИТЕ:

Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано повеќе од 833 милиони долари во Северна Македонија од 1993 година досега. УСАИД е водечка меѓународна агенција за развој во светот и двигател кој води до развојни постигнувања. Работата на УСАИД ја унапредува националната безбедност и економскиот просперитет на САД, ја отсликува американската великодушност и на земјите со кои соработува им помага на патот до самостоен и стабилен развој. За повеќе информации за работата на УСАИД во Северна Македонија, посетете ја нашата веб-страница https://www.usaid.gov/north-macedonia и следете нѐ на YouTube, Твитер и Фејсбук.

photo 1 1 1

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор