7 1024x1024

Женскиот активизам носи промени во руралните средини

Хуманитарно Здружение „Мајка“ од Куманово, на 25 април 2026 година ја одржа третата регионална средба за вмрежување во рамки на проектот „Активни жени“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

На средбата присуствуваа жени активистки од рурални средини од Куманово, Крива Паланка и Кратово, претставници на локални институции, граѓански организации и партнерски организации.  Целта беше  да се презентираат постигнатите резултати, да се споделат искуства од терен и да се отвори дијалог за предизвиците и можностите за понатамошно женско учество во локалното одлучување.

Во рамки на панел-дискусијата „Женски активизам во акција“, учесничките споделија конкретни примери за влијанието на проектот врз нивниот личен развој и развојот на нивните заедници. Една од говорничките истакна дека преку стекнатите знаења и вештини успеала да аплицира и да обезбеди грант за унапредување на сопствениот бизнис, што претставува значаен чекор кон нејзино економско зајакнување и независност. Други учеснички говореа за промените во нивните заедници, нагласувајќи дека процесот не бил лесен, но резултирал со конкретни и видливи промени.

„На почетокот немавме поддршка од заедницата, имаше предрасуди кон жените и неверување дека нешто ќе се оствари, но навистина има поместување“, сподели една од активистките, посочувајќи на постепената промена на ставовите и зголеменото учество на жените во локалните процеси.

Дополнително, беше истакнато дека преку иницијативите на жените во една од заедниците успешно е обезбедено поставување контејнери, како конкретен резултат на застапувачките активности насочени кон подобрување на јавната хигиена и условите за живот.

„Успеавме да иницираме избор на месна заедница и во структурите влеговме две жени“, истакна една од учесничките, што е значајно сведоштво за тоа како организираниот женски активизам придонесува кон поголема застапеност на жените во локалното одлучување и создавање нови можности за влијание.

Регионалната средба ја потврди важноста на женското вмрежување, солидарноста и заедничкото застапување како силни механизми за подобрување на положбата на жените од руралните средини.

Преку проектот „Активни жени“, кој се реализираше во периодот 2024- 2026 година,  над 200 жени од 8 заедници во Куманово, Крива Паланка и Кратово ги зајакнаа своите знаења и вештини за локално учество, застапување и економско јакнење. Како резултат на проектните активности, беа поднесени 58 иницијативи структурирани во 16 формални барања до локалните самоуправи, а значителен број жени добија поддршка за подобро вклучување на пазарот на труд и можности за самовработување.

Проектот „Активни жени“ продолжува да создава простор гласот на жените од руралните средини да биде слушнат, препознаен и активно вклучен во процесите на донесување одлуки.

Регионалната  средба се реализираше во рамки на проектот „Активни жени“, кој го спроведува Хуманитарно здружение „Мајка“ Куманово во партнерство со Регионалниот центар за соработка СПЕКТАР, Регионалниот центар за одржлив развој – Кратово и Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија – Куманово, со финансиска поддршка од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Хуманитарнотот здружение „Мајка“ Куманово и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или на организациите што ја спроведуваат

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хуманитарното здружение Мајка Куманово

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор