Јавен повик за прибирање понуди за изработка на дигитална контролна табла за визуелизација на отворени податоци од Собранието
Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје објавува јавен повик за прибирање понуди за ангажирање правно или физичко лице за изработка на дигитална контролна табла / dashboard за визуелизација, пребарување и полесно користење на отворени податоци од Собранието на Република Северна Македонија.
Активноста се реализира во рамки на проектот „Парламентарни отворени податоци во пракса: Градење граѓански ангажман“, поддржан преку Digital Spark грантовата програма, во рамки на повикот за Источна Европа и Централна Азија, спроведуван со поддршка на CIVICUS, Фондацијата Метаморфозис и TechSoup.
Целта на алатката е да овозможи поедноставен пристап, визуелизација и практична употреба на избрани парламентарни отворени податоци, вклучително податоци за пратенички прашања, активност и присуство на пратениците, како и податоци за канцелариите за контакт со граѓани.
Ангажманот се очекува да се реализира во периодот мај – јуни 2026 година, а рокот за доставување понуди е 17 мај 2026 година, до 23:59 часот.
Деталите за условите, потребните квалификации, критериумите за избор и начинот на аплицирање се достапни во јавниот повик на следниот линк:
Јавен повик за прибирање понудиза изработка на дигитална контролна табла за визуелизација на отворени податоци од Собранието.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за демократја ИДСЦС



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50495](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/09/ПОВИК_за_новинарски_теми_Дополнителен-768x432.jpg)


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50397](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/09/mladi_-_aktivizam_-_pixabay-1-768x512.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50329](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/09/Mladi_-_aktivizam_-_Pixabay-768x512.jpg)
