Et5a4747

Повеќе разбирање и поддршка за жените: здравствените работници се обучуваат за перименопауза

Перименопаузата е природен дел од животот на секоја жена, но често доаѓа со многу прашања, несигурности и промени кои не секогаш се препознаени или разбрани. Токму затоа започна серија обуки за здравствени работници, со цел да се унапреди пристапот и грижата за жените во овој важен период.

Обуките се реализираат врз основа на Водичот за перименопауза, развиен преку соработка помеѓу ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување и МАГО – Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари.

Фокусот е ставен на матичните лекари и гинеколозите оние на кои жените најчесто први им се обраќаат. Целта е тие навремено да ги препознаат симптомите, да ја разберат состојбата и да понудат соодветна поддршка.

Во рамки на првата серија обуки, веќе се обучени повеќе од 40 здравствени работници – значаен чекор кон тоа повеќе жени да добијат разбирање и квалитетна грижа таму каде што најмногу им е потребна.

Перименопаузата може да трае и до 10 години. За многу жени, овој период носи промени – од топли бранови и нарушен сон, до анксиозност и промени во расположението. Според Светска здравствена организација, повеќе од 70% од жените искусуваат вакви симптоми. И покрај тоа, за оваа тема сè уште ретко се зборува доволно јавно и отворено.

Во време кога дезинформациите за женското здравје се лесно достапни, особено на интернет, потребата од точни, проверени и разбирливи информации е поголема од кога било.

Во нашата земја сè уште недостигаат систематски податоци за перименопаузата, што ја прави оваа иницијатива уште поважна. Водичот е создаден од тим експерти од различни области, гинекологија, ендокринологија, психијатрија и примарна здравствена заштита  за да понуди практични и применливи решенија.

Целта е едноставна, но значајна: жените да не се чувствуваат сами во овој период, туку разбрани, поддржани и информирани.

Перименопаузата не е болест – таа е дел од животот. Но, секоја жена заслужува да помине низ овој период со достоинство, грижа и поддршка.

Затоа што зад секој симптом стои жена која треба да биде слушната. Обуките се реализираа во рамки на проектот „Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи“, финансиски поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата „Цивика мобилитас“.

Мислењата кои се изразени во ова соопштение не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат. 

Контакт за медиуми:

МАГО – Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари

mkd.mago@gmail.com

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување

hera@hera.org.mk

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор