Rabotilnica i diskusija RESIS Berovo

Половина од проблемите на граѓаните ги нема во изборните програми — Работилница и јавна дебата во Берово

Половина од проблемите што граѓаните од 12 македонски општини ги споделија со претставниците на Институтот РЕСИС, воопшто не се наоѓаат во изборните програми на нивните градоначалници. Ова го покажа анализата на РЕСИС, која беше претставена на јавна дебата одржана вчера во Берово.

На настанот, на кој учествуваа граѓани и претставници на општини од Источниот Регион, покрај анализата беше организирана и работилница за важноста и потребата од медиуми на заедницата, а беше презентирана и платформата „Локал Актив“, која низ спој на новинари и активисти информира и се залага за решавање на најважните проблеми со кои се соочуваат граѓаните од регионот.

Настанот го отвори Игор Мицевски од РЕСИС, кој ги запозна присутните со активностите на трите постојни „Локал Актив“ платформи и ја образложи нивната улога.

„’Локал Актив’ се обидува од една страна да создаде јавни сфери, а од друга страна да направи притисок за решавање на проблемите на граѓаните“, рече тој.

Rabotilnica Berovo 1

Работилницата ја водеше Билјана Георгиевска, извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија, која ја објасни улогата на овие медиуми на заедницата. Низ практични примери таа демонстрираше дека овие непрофитни медиуми покрај тоа што обезбедуваат простор за гласовите што се игнорирани од комерцијалните медиуми, придонесуваат за локален развој и го јакнат демократското учество.

Во вториот дел од настанот беше презентирана анализата во која локалните барања, кои РЕСИС ги собираше преку директни средби со граѓаните, беа споредени со изборните програми на актуелните градоначалници. Од 12 општини низ Македонија, дури половина од проблемите на граѓаните не се адресирани во предизборните ветувањата на градоначалниците, додека само 17 % од барањата се целосно вклучени во ветувањата на градоначалниците.

Анализата исто така покажаа дека најчестите проблеми со кои се соочуваат граѓаните се од областа на екологија и отпад, млади и образование и здравство. Од РЕСИС нагласија дека и понатаму ќе следат колку од барањата на граѓаните и од ветувањата на градоначалниците ќе бидат исполнети, а преку „Локал Актив“ ќе се актуализираат голем дел од овие теми што граѓаните ги споделуваа.

Rabotilnica Berovo 3
Rabotilnica Berovo 2

Слаѓан Пенев од РЕСИС дополнително презентираше дел од сториите на „Локал Актив“ на кои активно се работело во изминатите години — приказни каде што новинари и активисти не само што пишувале за важни локални теми, туку конкретно се заложиле за решавање одредени проблеми и постигнале реална промена во локалните средини.

Во јавната дебата, претставниците на општините истакнаа дека секоја година се изработува конкретен план за работа, во кој постојано се консултираат граѓаните. Претставниците од Општина Делчево истакнаа дека организираат форуми со граѓани и дека мислењата од овие форуми се земаат предвид при изработката на секој годишен план. Иницијативите како „Локал Актив“ беа истакнати како корисни, но напоменаа дека за голем дел од прашањата е потребна и поголема иницијативност од самите граѓани, вклучувајќи и нудење конкретни решенија.

Diskusija Berovo 1
Diskusija Berovo 2

Во дискусијата преовладуваа две теми што директно ги засегаат жителите на Источниот Регион – мобилноста, односно проблемите со јавниот превоз што помалите општини ги поврзуваат со поголемите, и потребата за подобрување на комуникацијата меѓу локалната власт и младите.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на РЕСИС институт

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор