цеа

ПРОЕКТ: Следење на фискалната транспарентност на општините во Македонија – ЦЕА Индекс

ЦЕА подолг период го следи степенот на фискална транспаретност на општините во Македонија, преку Индексот на буџетска транспарентност. 

Методолошки аспект: индексот транспаретност на ЕЛС е креиран врз основа на достапноста на буџетски документи и документи кои се поврзани со процесот на донесување на буџетот во ЕЛС согласно законската регулатива и буџетскиот календар за нивно
објавување, и тоа на: Статут на општината, Предлог Буџетот за тековната/идната година, Усвоен Буџет за тековната година, Квартални извештаи за извршување на буџетот, Завршна сметка на буџетот, Годишен извештај, Граѓански буџет и Извештај од спроведена државна ревизија.

ШТО Е БУЏЕТСКА ТРАНСПАРЕНТНОСТ?

Отвореност кон јавноста за структурата и функцијата на локалната/централната власт, намерите во фискалните политики, сметките на јавниот сектор и фискалните проекции

ЗОШТО?

  • Буџетите се најмоќен инструмент за да се задоволат потребите и приоритетите на нејзините граѓани.
  • Транспарентноста на буџетот е предуслов за учество на граѓаните во донесувањето на одлуките за трошење на јавните
    пари и отчетноста на власта.

На следните линкови објавите од претходните години за Индексот:

Во 2021 ЦЕА започна со следење и на даночната транспаретност на ЕЛС

Што е  даночна транспарентност?

Фискалната транспарентност во јавните финансии е главен елемент на доброто владино управување и претставува широк сеопфатен концепт. Фискалната транспарентност вклучува сеопфатност, јасност, сигурност, навременост и релевантност на финансиските извештаи за мината, сегашна и идна состојба на јавните финансии, и е од клучно значење за ефективно фискално управување и отчетност. (Кодекс на фискална транспортниот, ММФ)

Буџетската транспарентност е потесен концепт, но е дел од фискалната транспарентност кој се фокусира на буџетските извештаи и документи во рамките на буџетскиот циклус. Се потпира на три меѓусебно поврзани столбови: 1) транспарентност, 2) учество и 3) надзор.

Даночната транспарентност или достапноста на информациите поврзани со процесот на оданочување, прибирање на локалните даноци и трошење на даноците и е дел од фискалната транспарентност и отчетност на локалните самоуправи. Даночната транспарентност е процес со кој се обезбедуваат квантитативни и квалитативни податоци што му се потребни на општеството за да осигурa дека даночниот систем функционира во корист на даночната власт, Владата, законодавците, оние што ги избрале, оние што плаќаат даноци и сите други чинители на даночниот систем (Глобална иницијатива за фискална транспарентност, GIFT).

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор