Rec

Техники за трансформација на биоотпадот во ООУ Јан Амос Коменски

♻️ Денот го поминавме со младите истражувачи од ООУ “Јан Амос Коменски” од Општина Карпош на работилница на тема „Техники за трансформација на биоотпадот” со наставничките Александра Блажевска и Христина Димитровска. Започнавме со дискусија за видовите отпад што се рециклираат, видовите на отпад можат да се преработат и за тоа дали учениците знаат што е компост. Ги поканивме учениците заедно да направиме нешто од отпадни масла и вредно работевме три часа. На крајот на денот Експертите задоволно ги пофалија учениците за нивното знаење и вклученост.
♻️ На 11 април 2025 год. се одржа работилница со основното училиште ООУ “Јан Амос Коменски” од Општина Карпош. Учениците и Експертите заедно произведоа биодизел, пектин и биофилм од кора од компири, учејќи преку примери за циркуларна економија.
⚗️Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведуван од Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, во партнерство со EcoLogic и Center for Environmental Democracy – Florozon – Центар за еколошка демократија, продолжуваме со одржување на едноденвните Работилници на тема „Техники за трансформација на биоотпадот” со основните училишта од Скопје.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ)

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор