[Aggregator] Downloaded image for imported item #47597

Судот утврди дискриминација врз индивидуалните земјоделки во пристапот до права од здравствено осигурување

Основниот граѓански суд донесе пресуда со која утврди индиректна, продолжена и интерсекциска дискриминација врз индивидуалните земјоделки во остварување на правото од областа на здравствено осигурување-право на надомест на плата за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство и право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда преку Законот  за здравствено осигурување. Со Пресудата се задолжуваат тужените Република Северна Македонија – Влада на Република Северна Македонија Скопје и Министерството за здравство да иницираат измени и дополнувања на Законот за здравствено осигурување.

Основниот граѓански суд ја донесе оваа пресуда откако Хелсиншкиот комитет за човекови права и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поднесоа тужба за заштита од дискриминација – actio popularis преку Адвокатското друштво „Зефиќ Јакимовска и партнери“ како дел од проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“, финансиски поддржан од владата на Швајцарија, преку Цивика мобилитас, со грантови за граѓански ангажман.

Судот утврдил дека индивидуланите земјоделки иако се вклучени во системот на задолжително здравствен осигурување и имаат својство на осигуреници, не уживаат еднаков пристап до правата што произлегуваат од системот. Следствено, на законска конструкција постои навидум неутрално правило кое ги признава индивидуалните земјоделки како осигуреници, нo фактички ги исклучува од пристапот до клучни парични надоместоци од системот за здравствено осигурување. Иако индивдуалните земјоделци/ки плаќаат пониска основица при пресметување на придонесите не се менува фактот што тие се реални обврзници во системот на социјално осигурување.

Во постапката беше земено предвид и мислењето на Комисија за спречување и заштита од дискриминација, арх бр.08-119/3 од 03.03.2023 година во кое се утврдува дека постојната законска рамка доведува до нееднаков третман на индивидуалните земјоделки во однос на останатите осигурени лица. Комисијата укажа дека исклучувањето на оваа категорија жени од правото на надоместок за време на бременост, раѓање и мајчинство, како и при привремена спреченост за работа, претставува форма на индиректна дискриминација и повика на итни законски измени со цел обезбедување еднаков пристап до правата од здравственото осигурување.

Проблемот има изразена социјална димензија. Како што беше истакнато во постапката, овие жени често се принудени да продолжат со работа и во период на бременост или болест, бидејќи отсуството од работа директно значи губење на приходи. Ваквата состојба создава циклус на ранливост, во кој недостатокот на институционална поддршка дополнително ја продлабочува нивната маргинализација. Дополнително, ваквите последици се во спротивност со принципите на заштита на мајчинството и родовата еднаквост, кои претставуваат суштински вредности во современите демократски општества.

Судот препозна дека станува збор за системски проблем кој произлегува од законската рамка, а не од индивидуални случаи и дека постојните решенија не обезбедуваат еднаков третман за сите категории осигурени лица. Дополнително смета дека постоењето на посебни програми за финансиска поддршка како мерка може да имаат позитивно влијание, не претставуваат системко законско решение и не обезбедуваат еднаков и стабилен пристап до правата. Оттука, потребата од суштински законски измени е неопходна за да се овозможи вистински пристап до правата кои формално им припаѓаат на индивидуалните земјоделки.

Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската влада, Цивика мобилитас или организациите што ja спроведуваат.

The post Судот утврди дискриминација врз индивидуалните земјоделки во пристапот до права од здравствено осигурување appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор