[Aggregator] Downloaded image for imported item #48983

Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028

Се одржа средба на работните групи за подготовка на новиот Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028Денеска во Клубот на пратеници се одржа состанок на работните групи за подготовка на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 (НАП7), како продолжение на процесот на ко-креација започнат со конференцијата организирана на почетокот на април оваа година. Настанот беше организиран од Министерството за јавна администрација, во соработка со Фондацијата Метаморфозис и Центарот за граѓански комуникации.

На настанот присуствуваше и Центарот за правни истражувања и анализи, како дел од граѓанскиот сектор вклучен во процесот на консултации и ко-креација на новиот акциски план.

Работниот состанок ги обедини претставниците на институциите, граѓанските организации и експертската јавност во тематски работни групи, со цел заедничко дефинирање на приоритетите и идните заложби во рамки на новиот акциски план.
Учесниците работеа во пет тематски области:

  • антикорупција, интегритет, одговорност и отчетност;
  • граѓански простор, учество и слободи;
  • дигитално управување;
  • клима и животна средина;
  • отворен парламент и отворено судство.

Работниот состанок претставува важен чекор во инклузивниот ко-креациски процес на подготовка на новиот Национален акциски план, кој треба да придонесе кон поотворени, поотчетни и подостапни институции, во партнерство со граѓанското општество и другите засегнати страни.
Процесот на ко-креација на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2026–2028 продолжува во наредниот период преку дополнителни консултации и тематски дискусии со сите релевантни чинители.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за правни истражувања и анализи

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор