Author: Центар за правни истражувања и анализи

  • Започна менторирањето на идните ментори за родово сензитивно правосудство

    Минатата недела во Академијата за судии и јавни обвинители започна процесот на менторирање на идните ментори, како важен чекор кон воспоставување родово сензитивна менторска програма во правосудството. Целта е потребите и предизвиците идентификувани преку претходното истражување да се преточат во практични знаења, вештини и конкретни алатки за секојдневната правосудна практика. Преку тематски менторски сесии, анализа […]

  • Документ за јавни политики „Правни и институционални предизвици во областа на шумите и нелегалната сеча“

    Нелегалната сеча претставува сериозен предизвик за одржливото управување и заштитата на шумите, со последици врз животната средина, природните ресурси и владеењето на правото. Ефективното справување со овој проблем бара јасна правна рамка, координирано институционално постапување и ефикасни механизми за превенција и санкционирање. Документот за јавни политики „Правни и институционални предизвици во областа на шумите и […]

  • Програми за обука и прирачници за Повелбата на ЕУ и постапките пред Судот на правдата на ЕУ

    Во рамки на регионалниот проект „Зајакнување на регионалната судска соработка на Западен Балкан за ефективно водење постапки пред Судот на правдата на Европската Унија и примена на Повелбата на ЕУ за фундаменталните права“, поддржан од Кралството Холандија, развиени се две програми за обука и прирачници посветени на клучни аспекти од примената на правото на Европската […]

  • Одржана напредна обука за спроведување на еколошка правда

    На 21 септември 2026 година, во Академијата за судии и јавни обвинители, се одржа напредна обука за спроведување на еколошка правда, наменета за судии, јавни обвинители и судски соработници. Во рамки на обуката беа опфатени повеќе аспекти од практичната примена на европските стандарди во областа на еколошката правда. Судија Мирјана Лазарова Трајковска се осврна на […]

  • Јавен повик за ангажирање надворешни експерти

    Центарот за правни истражувања и анализи – Скопје објавува јавен повик за ангажирање две лица за обезбедување стручна поддршка при спроведувањето на проектот „Отворено судство за отчетност и доверба“ (Open Judiciary for Accountability and Trust). Проектот има цел да придонесе кон зголемување на транспарентноста, отчетноста и довербата на граѓаните во судството преку воспоставување стандардизирани практики […]

  • Јавен повик за ангажирање тројца експерти за напредни обуки за еколошка правда

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање тројца експерти за подготовка и спроведување тематски сесии во рамки на три еднодневни напредни обуки за еколошка правда, организирани во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители. Се предвидува ангажирање по еден експерт за следните позиции: Експерт за практиката на Европскиот суд […]

  • Јавен повик за ангажирање на експерти/експертки за имплементација на родово сензитивна менторска програма во правосудството

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), во рамки на проектот „Менторство во правосудството и младинско учество за родова еднаквост“, објавува Јавен повик за ангажирање на експерти за имплементација на родово сензитивната менторска програма во правосудството. Со јавниот повик се предвидува ангажирање на: Позиција 1 – Експерт/ка – правник/правничка Позиција 2 – Експерт/ка – родов […]

  • Проценка на степенот на транспарентност, отвореност и јавна комуникација на судскиот систем во Република Северна Македонија

    Во рамки на проектот „Отворено судство за отчетност и доверба“, имплементиран од Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), со финансиска поддршка од UNOPS, беше изработена „Проценка на степенот на транспарентност, отвореност и јавна комуникација на судскиот систем во Република Северна Македонија“. Анализата го оценува степенот на институционална транспарентност преку достапноста и навременоста на информациите, […]

  • Јавен повик за изработка на документ за јавни политики

    Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА), во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан“, финансиски поддржан од Европската Унија, објавува јавен повик за ангажирање на еден експерт за изработка на документ за јавни политики на тема „Правни и институционални предизвици во областа на шумите и нелегалната сеча“. […]

  • ПРЕКРШУВАЊЕ НА ОСНОВНОТО ЧОВЕКОВО ПРАВО НА БЕЗБЕДНА ВОДА: СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ И ИНСТИТУЦИОНАЛНА ОДГОВОРНОСТ ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОДАТА ВО ГОСТИВАР

    Блупринт групата за реформи во правосудството остро реагира за случувањата околу загадувањето на водата за пиење во Гостивар, која резултираше со забрана за користење на водата од градскиот водовод, прогласување на епидемија, а на 21ви јули Владата прогласи кризна состојба. Овој случај не претставува само изолиран инцидент, туку сериозен индикатор за можни системски слабости. Начинот на кој институциите […]

Нема повеќе содржини

Нема повеќе содржини

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор