Unops

Јавен повик за ангажирање надворешни експерти

Центарот за правни истражувања и анализи – Скопје објавува јавен повик за ангажирање две лица за обезбедување стручна поддршка при спроведувањето на проектот „Отворено судство за отчетност и доверба“ (Open Judiciary for Accountability and Trust).

Проектот има цел да придонесе кон зголемување на транспарентноста, отчетноста и довербата на граѓаните во судството преку воспоставување стандардизирани практики за објавување отворени податоци, унапредување на комуникацијата на судовите со јавноста и медиумите и развивање долгорочна стратегиска рамка за отворено судство.

Во рамки на јавниот повик се предвидува ангажирање лица за следните позиции:

  1. Консултант за комуникации и медиумски обучувач
    Ангажманот опфаќа најмногу 20 работни дена, во периодот од септември 2026 до мај 2027 година.
  2. Експерт за информатичка технологија, податоци и интеграција на обрасци
    Ангажманот опфаќа најмногу 12,5 работни дена, во периодот од септември 2026 до мај 2027 година.

Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија по електронски пат на contact@cpia.mk, најдоцна до 19 септември 2026 година до 16:30 часот, со соодветна назнака:

  • „Пријава за консултант за комуникации и медиумски обучувач“; или
  • „Пријава за експерт за ИТ, податоци и интеграција на обрасци“.

Повеќе информации за работните задачи, потребните квалификации, времетраењето на ангажманот, предвидениот надоместок и постапката за избор се достапни во јавниот повик во прилог.

Преземете го целосниот ЈАВЕН ПОВИК

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за правни истражувања и анализи

Продолжи со читање

  • Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) објавува јавен повик за избор на двајца/две експерт(к)и за изработка на Извештај за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на правата од областа на животната средина во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната […]
    The post Јавен повик за избор на експерт(к)и за мониторинг на ефикасноста на управното судство во заштита на животната средина appeared first on Myla.

  • Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ

    Врз основа на член 19 и 27 од Статутот на Младинскиот образовен форум, како и врз основа на одлука на Претседателот на Младински образовен форум донесена на 01.10.2026 година, на 01.10.2026 се распишува ПОВИК за нови членови на Управниот одбор Повикот се распишува за избор на нов состав на Управниот одбор на Младински образовен форум […]
    The post Повик за нови членови на Управниор одбор на МОФ appeared first on МОФ.

  • Повик за учество во иницијативата за проценка на деловен интегритет: Станете дел од Белата книга за деловен интегритет!

    Дали вашата компанија негува високи етички стандарди, транспарентност и политики за заштита од корупција?
    Ги покануваме сите одговорни и визионерски компании во Република Северна Македонија да се пријават и да бидат дел од процесот на мапирање и проценка на деловниот интегритет.

  • Youth Climate Diplomacy Forum – Skopje Local Point: Повик за млади за климатска акција и дипломатија

    Младите се важен дел од разговорот за климатските промени и иднината на животната средина. Тие не се само идни носители на промени, туку и активни учесници во процесите што се одвиваат денес. Токму затоа, Eco Logic – Скопје, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го организира презентацискиот и промотивниот настан за YCDF Skopje […]

  • Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели

    RISE Balkans Зајакнување на гласот на младите: одговорност, интегритет, солидарност и граѓанско ангажирање на Балканот Отворен повик за учесници: Обука за млади граѓански двигатели Регионалниот проект RISE Balkans бара мотивирани и ангажирани млади луѓе кои ќе се приклучат на возбудлива програма за лидерство меѓу врсници – Млади граѓански двигатели. Избраните учесници ќе бидат обучени како фасилитатори на Клиниките за добро владеење – интерактивни, тематски работилници кои се дизајнирани да го доближат владеењето до граѓаните и…

  • [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција

    Мобилизација заснована на податоци и консултации со граѓаните Пријави се за дводневната онлајн програма на 28 и 29 септември, од 15:00 до 19:00 часот, и запознај се со практични алатки за застапување, вклучување на граѓаните и поттикнување општествени промени. Како да го препознаеме проблемот што сакаме да го решиме? Како да ги разбереме искуствата на […]
    The post [ПОВИК] Advocacy Lab: Од проблем до застапувачка акција appeared first on МОФ.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор