[Aggregator] Downloaded image for imported item #44829

БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА АГЕНЦИЈА/ЕКСПЕРТ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КАМПАЊА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА РОДОВО ОДГОВОРНО БУЏЕТИРАЊЕ

Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia, поддржан од UN Women, објавува барање за доставување на понуди за ангажман на агенција или експерт/ка за дизајнирање и спроведување на кампања на социјалните медиуми со цел подигнување на свеста за важноста на родово одговорното буџетирање (РОБ).

Цел на проектот

Целта на проектот е да се зајакнат граѓанските организации и да се унапредат практиките за родово одговорно буџетирање во единиците на локалната самоуправа во Северна Македонија, поттикнувајќи инклузивно владеење и правична распределба на ресурсите. Проектот се фокусира на зајакнување на капацитетите на локалните организации и активисти за да можат ефективно да влијаат врз буџетските процеси и да застапуваат за промени во локалните политики.

Цел на ангажманот

Ова барање за доставување на понуди има за цел да ангажира правно или физичко лице (агенција/експерт) кое ќе креира и реализира кампања на социјалните медиуми за ангажирање на јавноста за важноста на РОБ во процесите на донесување локални одлуки. Кампањата треба да ја истакне работата на организациите – под-грантисти во четирите целни региони (Скопски, Источен, Југоисточен и Североисточен), прикажувајќи ги нивните напори за промовирање на учеството на жените, отчетноста во буџетските одлуки и застапувањето за инклузивни политики.

Работни задачи и одговорности

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој повик, експертот/ката ќе треба да ги спроведе следниве работни задачи:

Развој на концепт и стратегија: Подготовка на план за кампања прилагоден за широка публика (вклучително жени, локални власти и граѓани), користејќи интерактивна содржина, темплејти (теркови) за објави на социјални мрежи Facebook/Instagram и хаштагови за поттикнување јавен дијалог.

Креирање на содржина: Изработка на разновидни материјали за социјалните медиуми  вклучувајќи информативни објави, две кратки видеа, инфографици и споделување на успешни приказни од под-грантистите.

Очекувани резултати:

  • Изработен и одобрен план за реализација на кампањата на социјалните медиуми;
  • Креирани и објавени мултимедијални содржини (видеа, инфографици, текстуални објави, успешни приказни);

 

 Потребни квалификации:

  • Правно лице (агенција) или физичко лице (експерт) со докажано искуство во дигитален маркетинг, комуникации и управување со социјални медиуми;
  • Најмалку 3 години релевантно професионално искуство во креирање и спроведување на онлајн кампањи;
  • Докажани вештини за креирање мултимедијална содржина (видеа, инфографици, дизајн);
  • Искуство во промоција на општествени прашања, соработка со граѓански организации или познавање на темите за родова еднаквост и човекови права ќе се смета за предност.

Временска рамка

Избраниот понудувач ќе биде ангажиран во период дефиниран во договор со проектниот тим на Хелсиншкиот комитет, усогласен со динамиката на проектните активности за лансирање на кампањата (предвиден почеток: 21.09.2026 година), додека изготвувањето на кампањата има времетраење на еден месец.

Постапка за пријавување и критериуми за избор

Овој повик е јавен. Секој кој ги исполнува потребните квалификации може да се пријави со доставување на:

  • Портфолио на претходни релевантни кампањи и/или Работна биографија (CV) на клучните лица/експерти кои ќе бидат вклучени;
  • Краток предлог-концепт за кампањата (до 2 страници), кој ќе ја објасни креативната идеја, форматот на содржините и пристапот за достигнување на целната публика од најмалку 3000 лица;
  • Финансиска понуда: Вкупна бруто цена за целиот ангажман (вклучувајќи ги сите трошоци за креирање содржина.

Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • Релевантно искуство и портфолио – 40 поени
  • Квалитет и креативност на предлог-концептот – 40 поени
  • Понудена бруто цена – 20 поени

Понудите треба да се испратат на следните е-маил адреси: jana.sotirovska@mhc.org.mk со назнака: „Понуда за кампања на социјални медиуми – РОБ“.

Рокот за аплицирање е до 16.09.2026 до 16.00 часот.

За дополнителни прашања, Хелсиншкиот комитет за човекови права ви стои на располагање на горенаведената е-маил адреса или пак на helkom@mhc.org.mk.

The post БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА АГЕНЦИЈА/ЕКСПЕРТ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА КАМПАЊА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА РОДОВО ОДГОВОРНО БУЏЕТИРАЊЕ appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • ПРИЈАВИ СЕ: „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите

    Дали сакаш да ги преиспиташ стереотипите, да го изразиш своето мислење и да придонесеш за општество во кое секоја девојка може слободно да биде тоа што е? Те покануваме да се пријавиш за учество во проектот „Не ме ставај во рамка!“ – Девојки против стереотипите, кој го спроведува Здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко […]

  • БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ

    Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia“, поддржан од UN Women, објавува барање за доставување на понуди за изнајмување на конференциска сала и угостителски услуги за одржување на јавен форум на 17 ноември 2026 година во Штип за 35 лица. Опис на бараната набавка: […]
    Read More… from БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ
    The post БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Отворен повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување во рамките на програмата „Заедници со интегритет“

    Oтворен е повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување, наменети за вработените во општините и институциите опфатени со програмата „Заедници со интегритет“, кои имаат интерес за професионален развој преку учество на обуки, тренинзи, курсеви и сертифицирани програми. Право на аплицирање имаат вработените во општините Град Скопје, Битола, Боговиње, Гази Баба, Куманово, Македонска Каменица, Неготино, […]
    The post Отворен повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување во рамките на програмата „Заедници со интегритет“ appeared first on IDSCS.

  • Повик за изразување интерес за приклучување кон Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027 (НКМ-РА) на Северна Македонија

    Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) како координатор на регионалниот проект „Следење реформи и раст во Западен Балкан“ кој се спроведува во партнерство со партнерите од мрежата „Мисли за Европа“ (Think for Europe Network (TEN)),  ги повикува сите заинтересирани граѓански организации (ГО), стопански комори, социјални партнери, академската заедница и други засегнати чинители во Северна […]
    The post Повик за изразување интерес за приклучување кон Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027 (НКМ-РА) на Северна Македонија appeared first on EPI.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор