Red And Yellow Modern Coming Soon Instagram Post

Јавен повик за ангажирање тројца експерти за напредни обуки за еколошка правда

Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) објавува јавен повик за ангажирање тројца експерти за подготовка и спроведување тематски сесии во рамки на три еднодневни напредни обуки за еколошка правда, организирани во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители.

Се предвидува ангажирање по еден експерт за следните позиции:

  1. Експерт за практиката на Европскиот суд за човекови права во областа на еколошкиот криминалитет;
  2. Експерт за право на Европската Унија и практиката на Судот на правдата на Европската Унија во областа на животната средина;
  3. Експерт за зелена виктимологија.

Секој избран експерт ќе подготви и ќе спроведе тематска сесија на сите три обуки, со содржина што ќе биде практично ориентирана и приспособена на потребите на судиите и јавните обвинители.

Првата обука ќе се одржи на 21 септември 2026 година, втората е планирана за втората половина на октомври, а третата во текот на ноември 2026 година.

Заинтересираните кандидати треба да достават детална биографија со наведени референци на електронската адреса contact@cpia.mk, со назнака: „Пријава за експерт – ПОЗИЦИЈА 1/2 или 3“, зависно од позицијата за која се пријавуваат.

Рокот за пријавување е 10 септември 2026 година до 16:30 часот.

Целосниот текст на јавниот повик, работните задачи, потребните квалификации и условите за ангажман се достапни во документот во прилог – Јавен повик – напредна обука

Активноста се спроведува во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена агенда за Западен Балкан“, финансиски поддржан од Европската Унија.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за правни истражувања и анализи

Продолжи со читање

  • БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ

    Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia“, поддржан од UN Women, објавува барање за доставување на понуди за изнајмување на конференциска сала и угостителски услуги за одржување на јавен форум на 17 ноември 2026 година во Штип за 35 лица. Опис на бараната набавка: […]
    Read More… from БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ
    The post БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Отворен повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување во рамките на програмата „Заедници со интегритет“

    Oтворен е повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување, наменети за вработените во општините и институциите опфатени со програмата „Заедници со интегритет“, кои имаат интерес за професионален развој преку учество на обуки, тренинзи, курсеви и сертифицирани програми. Право на аплицирање имаат вработените во општините Град Скопје, Битола, Боговиње, Гази Баба, Куманово, Македонска Каменица, Неготино, […]
    The post Отворен повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување во рамките на програмата „Заедници со интегритет“ appeared first on IDSCS.

  • Повик за изразување интерес за приклучување кон Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027 (НКМ-РА) на Северна Македонија

    Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) како координатор на регионалниот проект „Следење реформи и раст во Западен Балкан“ кој се спроведува во партнерство со партнерите од мрежата „Мисли за Европа“ (Think for Europe Network (TEN)),  ги повикува сите заинтересирани граѓански организации (ГО), стопански комори, социјални партнери, академската заедница и други засегнати чинители во Северна […]
    The post Повик за изразување интерес за приклучување кон Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027 (НКМ-РА) на Северна Македонија appeared first on EPI.

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на позната личност (инфлуенсер/ка) за промоција на кампања против родово базирано насилство

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп во рамки на проектот „Интегрирана поддршка и јакнење на жените жртви на насилство за посилен глас и безбедна иднина“, објавува: ОТВОРЕН ПОВИК за избор на позната личност (инфлуенсер/ка) за промоција на кампања против родово базирано насилство Овој повик има за цел избор на позната личност (инфлуенсер/ка)…

  • ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА УСЛУГИ ЗА ДИЗАЈН И ПЕЧАТЕЊЕ

    Во рамки на проектот „Унапредено граѓанско учество за заштита на животната средина“, кој има за цел кон унапредување на принципите на еколошка демократија, транспарентност, отчетност и учество на јавноста во процесите на донесување одлуки поврзани со животната средина, се објавува повик за услуги за дизајн и печатење…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор