Работен состанок со IF Metall, Синдикатот на град Суботица и Меѓународниот центар „Олоф Палме“
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50408](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/09/IMG_20260902_144610-1024x768-1.jpg)
На 2 септември, во Штип бевме домаќини на претставници на шведскиот синдикат IF Metall, Синдикатот на град Суботица и Меѓународниот центар „Олоф Палме“.
Во рамки на посетата, Кристина Ампева од Гласен Текстилец ја претстави работата на Гласен Текстилец и Гласен Синдикат, нашето долгогодишно искуство во заштитата на работничките права, како и предизвиците со кои се соочуваат работниците во приватниот сектор со акцент на текстилната и кожарската индустрија.
Гостите имаа можност да се запознаат и со работата на Синдикалната федерација 5-та Сила, претставена од Донче Стаменков, при што се разговараше за синдикалното организирање, платите и условите за работа, колективното договарање, социјалниот дијалог, затворањето на фабрики и праведната транзиција.
Во текот на студиската посета беа остварени и средби со претставници на синдикални организации од текстилната индустрија и ЈП „Стипион 2011“ Штип, каде беа споделени практични искуства за синдикалното организирање, колективните договори и односите со работодавачите.
Посетата беше можност за размена на искуства и добри практики, градење нови партнерства и зајакнување на регионалната и меѓународната синдикална солидарност.
Го цениме партнерството со IF Metall од Шведска, Синдикатот на град Суботица и Меѓународниот центар Олоф Палме и веруваме дека оваа студиска посета ќе придонесе кон нови заеднички иницијативи и понатамошна соработка.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“

Граѓанските организации испраќаат повик за мораториум на свечености, конференции и симболични кампањи. Седум фемициди. Седум изгубени животи. Седум жени и девојки кои повеќе никогаш нема да се вратат дома. Последната жртва е 17-годишно девојче од Богданци. Дете чиј живот заврши на најсуров начин – запалена во автомобил. Дете кое требаше…

Радовиш, октомври 2026 – Поголемо учество на жените од руралните средини во локалното одлучување, подобра информираност, достапни механизми за граѓанско учество и посилна соработка со институциите беа во фокусот на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана во Радовиш. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението „Женска акција“ […]

Јавна кампања и форум за родово одговорно буџетирање во Штип „Жените знаат […]
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #52833](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/11/6176-768x576.webp)
Во рамки на проектот „Рурална жена – силен глас“, ја започнавме реализацијата на првата активност – мобилизирање на жени од руралните средини во Општина Чашка, со цел нивно поврзување, организирање и формирање женски кружок. Кружокот ќе претставува неформална локална група преку која жените ќе се поврзуваат, ќе ги споделуваат своите…

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ВЛАДАТА, СОБРАНИЕТО, МЕЃУНАРОДНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ, АМБАСАДИТЕ И ЦЕЛАТА ЈАВНОСТ Граѓанските организации испраќаат повик за мораториум на свечености, конференции и симболични кампањи. Седум фемициди. […]

The post Дигитални услуги достапни до сите appeared first on IDSCS.
Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.