[Aggregator] Downloaded image for imported item #50397

Повик за ангажирање млади активисти за соработка со Локал Актив

Mladi aktivizam Pixabay

Младите лица кои ќе се пријават на повикот треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • да се на возраст 18 – 29 години;
  • да имаат завршено најмалку средно образование;
  • да имаат афинитет кон истражување и пишување;
  • да имаат интерес и желба да придонесат за локалната заедница во која живеат.

Целта на иницијативата Локал Актив e:

  • Да се зајакне капацитетот на постоечките и да се воспостават нови медиуми на заедницата во Македонија што ќе се ангажираат во аналитичко и истражувачко новинарство за заедницата, во промоција на демократијата, човековите права, животната средина и социјалната правда.
  • Да се поддржат активистите на локалните граѓански организации, што се дел од медиумите на заедницата, да го прошират и продлабочат нивниот притисок за решавање на локалните граѓански барања.

За младите активисти кои би се вклучиле во изработка на стории за Локал Актив предвиден е финансиски надомест.

Заинтересираните кандидати за овој ангажман треба најдоцна до петок 18 септември 2026 година да достават куса биографија на следните мејл-адреси:

office@resis.mk

info@semm.mk

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)

Продолжи со читање

  • БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ

    Хелсиншкиот комитет за човекови права, во рамки на проектот „Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia“, поддржан од UN Women, објавува барање за доставување на понуди за изнајмување на конференциска сала и угостителски услуги за одржување на јавен форум на 17 ноември 2026 година во Штип за 35 лица. Опис на бараната набавка: […]
    Read More… from БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ
    The post БАРАЊЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НA ПОНУДИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВЕН ФОРУМ appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Отворен повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување во рамките на програмата „Заедници со интегритет“

    Oтворен е повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување, наменети за вработените во општините и институциите опфатени со програмата „Заедници со интегритет“, кои имаат интерес за професионален развој преку учество на обуки, тренинзи, курсеви и сертифицирани програми. Право на аплицирање имаат вработените во општините Град Скопје, Битола, Боговиње, Гази Баба, Куманово, Македонска Каменица, Неготино, […]
    The post Отворен повик за аплицирање за стипендии за професионално усовршување во рамките на програмата „Заедници со интегритет“ appeared first on IDSCS.

  • Повик за изразување интерес за приклучување кон Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027 (НКМ-РА) на Северна Македонија

    Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) како координатор на регионалниот проект „Следење реформи и раст во Западен Балкан“ кој се спроведува во партнерство со партнерите од мрежата „Мисли за Европа“ (Think for Europe Network (TEN)),  ги повикува сите заинтересирани граѓански организации (ГО), стопански комори, социјални партнери, академската заедница и други засегнати чинители во Северна […]
    The post Повик за изразување интерес за приклучување кон Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024-2027 (НКМ-РА) на Северна Македонија appeared first on EPI.

  • ОТВОРЕН ПОВИК за избор на позната личност (инфлуенсер/ка) за промоција на кампања против родово базирано насилство

    Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА ПЕТ Прилеп во рамки на проектот „Интегрирана поддршка и јакнење на жените жртви на насилство за посилен глас и безбедна иднина“, објавува: ОТВОРЕН ПОВИК за избор на позната личност (инфлуенсер/ка) за промоција на кампања против родово базирано насилство Овој повик има за цел избор на позната личност (инфлуенсер/ка)…

  • ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА УСЛУГИ ЗА ДИЗАЈН И ПЕЧАТЕЊЕ

    Во рамки на проектот „Унапредено граѓанско учество за заштита на животната средина“, кој има за цел кон унапредување на принципите на еколошка демократија, транспарентност, отчетност и учество на јавноста во процесите на донесување одлуки поврзани со животната средина, се објавува повик за услуги за дизајн и печатење…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор