Screenshot

Социјалните медиуми овозможија слободно изразување, но отворија и простор за ширење на омраза и дезинформации

Социјалните медиуми експоненцијално ги зголемија можностите за слободно изразување, но исто така креиграа и нови предизвици. Тие овозможија полесна комуникација на локално и глобално ниво, ги поврзаа корисниците и им овозможија да ги промовираат и да ги остваруваат заедничките цели. Од друга страна, социјалните медиуми отворија простор за ширење на говорот на омраза и дезинформации. Креирање и спроведување на соодветни политики кои ќе одговорат на овие предизвици прерасна во тема од транснационално значење.

Овие беа дел темите за кои се дискутираше на настанот „Слободата на изразување на интернет – заеднички предизвик за ЕУ и Северна Македонија„ кој се одржа на 10 декември преку платформата ЗУМ и во Europe House, а беше организиран од страна на Институтот за европска политика – Скопје. Со овој настан, ЕПИ го одбележа и Меѓународниот ден на човековите права.

На панел дисксуијата говореа Александар Меламед – Делегација на Европската Унија во Северна Македонија, Младен Чадиковски – Здружение на Новинари на Макаедонија, Мелика Хирмо  Центар за учество и информациски ресурси САЛТО од Естонија и Елида Зулбеари – Фондација Метаморфозис, како и студентите Дарко Беровски и Јехона Палоши. Дискусијата беше модерирана од страна на проектнатна асистентка во ЕПИ, Ардита Вејсели.

Студентите Дарко Беровски и Јехона Палоши ги презентираа негативните и позитивните страни на интернетот, како заклучоци од онлајн дискусиите со млади од 18 до 24 години, кои ЕПИ ги организираше и одржа на 3 декември 2020 година.

Беровски, ги презентираше позитивните страни на интернетот, како што се пристапноста до голем број на информации кои порано луѓето не ги знаеле; учење на нови јазици; полесна комуникација со други луѓе од целиот свет, нешто што би било невозможно без интернетот; им овозможува на малите бизниси да ја рекламираат нивната работа и може полесно да се доаѓа до информации од важни настани. Палоши, пак, ги презентираше негативните страни на интернетот како што се зависнотста од интернетот и негативното влијание врз менталното здравје; сспоредувањето на луѓето со другите кое влијае негативно врз нивната себеперцепција; злоупотреба на личните податоци на различни начини, ширење на говор на омраза, виртуелно насислтво и злоупотреба на слободата на изразување; ширење на политичка пропаганда; и намалена рестрикција на тоа што се објавува на интернет.

Александар Меламед од Делегацијата на Европска Унија во Северна Македонија истакна дека во сите дебати во ЕУ за мерките кои треба да се превзмееат за адресирање на проблемите, се дебатирало за тоа како да не се наруши слободата на изразување преку овие мерки. Поттикот на ЕУ веќе се повеќе се осврнува на промовирање на саморегулација отколку на понатамошно законско регулирање. Тој истотака ги објасни и напорите и активностите кои ЕУ ги има преземено низ годините, како што се лансирање на Интернет форумот на ЕУ во 2015 година кoj обезбедува доброволна рамка за индустријата да соработува за бришење на терористички содржини; потпишување на Кодексот на однесување во 2016 со 4 најголеми компании (Фејсбук, Мајкрософот, Твитер и Јутјуб) кој се користи за бришење на незаконска содржина на интернет, која ги крши законите на ЕУ или земјите-членки; препораката на Европска Комисија во 2018 која имаше цел да им помогне на ИТ компаниите да развијат алатки со кои ќе се справат со предизвиците особено за слободата за изразување, и Акцискиот план на ЕУ против дезинфомарција, кој ја вклучува и платформата за систем за брзо предупредување.

„Кога станува збор за слободата на изразување, за да ја заштитиме како човеково право, потребен ни е сеопфатен пристап, треба сите и  граѓанското општество и властите и деловните субјекти и ИТ индустријата да ја подигнеме свеста и да го направиме својот дел за да го заштитиме ова право, како универзално право.“

Младен Чадиковски, од Здружението на новинари на Македонија, истакна дека за да се подигне квалитетот на новинарството треба да се работи на механизми за саморегулација и на тој начин да се контролираат лажните вести на Интернет. Во нашата држава, онлајн медиумите не се регулирани со посебен закон, меѓутоа целата нивна работа која се однесува на информативниот наратив кој го произвдуваат е регулирана со други закони, како што се Законот за авторски права и други закони кои регулираат говор на омраза. Тој исто така ја презентираше и базата на интернет портали, Promedia.мк, што исполнуваат одредени стандарди и критериуми за начинот на кои тие известуваат и работат. Базата претставува регистар на онлајн медиуми со над 130 професионални онлајн медиуми, кои исполнуваат етички, но и други критериуми.

„Доколку законите правилно се применуваат нема да имаме никаков проблем да функционираме со оваа дополнителна саморегулација која ја промовираме.“

Елида Зулбеари, од Фондација Метаморфозис потенцираше некои од проектите што оваа организација ги реализира во насока на намалување на лажните вести, зголемување на медиумско образование и критичко размислување на граѓаните, како што се CriThink и Вистиномер и истакна дека оваа „војна“ продолжува и до денес бидејќи според неа, лажни вести и говорот на омраза се закана за човековите права. Особено во кризни времиња како што е кризата со коронавирусот, лажните вести што немаат кредибилни извори и се напишани од сомнителни автори кои не се водат според новинарски етички кодекс, се опасни за општеството. Таа истотака ја објасни и методологијата која се користи за верификација на обајвите и  вестите. Таканаречените fact checkers, детално ги прегледуваат од логичноста на текстот, авторот, дали и кои извори се користени до користените слики.

Новинарите треба да се придржуваат до новинарските принципи, бидејќи без тие принципи не може да се биде добар новинар. Треба да ги верификуваат фактите, и да ја потенцираме лошата работа на институциите, бидејќи нашето оружје како новинари, но и на граѓаните е да бидеме гласни за нашите права„

Мелика Хирмо, од Центарот за учество и информациски ресурси САЛТО од Естонија истакна дека неформалното образование и активизмот се во паралела со слободата на медиумите, слободата на изразување и образование. Клучот е рамнотежа и комбинација на алатки – разбирање на реалноста и сосотојбата на земјата, бидејќи ако една мерка или закон или регулатива функсионирала во една земја не значи дека истата ќе профункционира во друга земја без да се знае проблематиката и соодветниот одговор. Во европски контекст, се покажало дека формалното и неформалното образование играат голема улога, но треба да се обврнува внимание истотака и на самите едукатори или наставници, а не само на граѓаните и младите. Едукаторите и наставниците треба да се едуцираат и да се надоградуваат на тоа кои се новите проблемите, кои се новите платформи и тие треба да ги познаваат доволно добри проблематиките за соодветно да придонесат за поголема медиумска писменост.

Главното прашање е како да се регулира, што да се регулира и зошто да се регулира. Бидејќи кога сакаме да промовираме содржина која е потврдена и непрстрасна, Фејсбук ја отфрла оваа сорджина, а истовремено дозволува ширење на дезинформаци. Претставува предизвик кога земјите или социјалните медиуми почнуваат да „забрануваат“ содржина која е балансирана и не промовира говор на омраза.Тие едноставно користат клучни зборови, ги автоматизираат а ова може да креира повеќе проблеми отколку што решава“

Панелистите се осврнаа и на слободата на изразување како човеково право. Се истакна дека медиумската и информативната писменост се важни во демократско општество, но тие не претставуват само знаење, туку и активно учество, креирање на содржина со која ќе направи некоја важна измена во општеството, а тука играат клучен дел и младите кои преку тие вештини, преку реализирање на нивното право и нивното активно учество во граѓанското општество можат да придонесат во развојот на демократијата. Истотака, треба да се внимава на тоа колку државите и владите ја регулираат оваа сфера, за да не дојде до дополнително и непотребно ограничување на ова право, особено кај новинарите, или злоупотреба која ќе доведе до ограничување на нечие друго право.

Настанот беше организиран како дел од проектот „Градиме иднина заедно: ЕУ и Западен Балкан од перспективата на младите“, спроведен од 6 тинк – тенк организации од Западен Балкан (Think for Europe Network – TEN), заедно со Институтот за меѓународни работи од Италија, Фондацијата Бронислав Геремек од Полска и Центарот за европски политики (CEP) од Белгија. Проектот е финансиран од Европската комисија, преку програмата Европа за граѓаните.

The post Социјалните медиуми овозможија слободно изразување, но отворија и простор за ширење на омраза и дезинформации appeared first on EPI.

Продолжи со читање

  • Учество на осмата меѓународна регата Сава Наутик во Брчко – БиХ

    Претставникот на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Владимир Ивановски Вуцо и од Вардарска регата “Гемиџии“ Владимир Стојанов и Томе Шескокалов во периодот од 28-30.8.2026 год. на покана на здружението ИКС центар (X centar) од Брчко Дистрихт – БиХ земаа учество на осмата меѓународна туристичка рега “Сава наутик“. На оваа…

  • Погледнете го нашето ново промотивно видео и откријте како органскиот отпад може да стане вредна суровина!

    Преку силен фокус на циркуларната економија и еколошката едукација, сакаме да ги поттикнеме граѓаните на итна акција за правилно сортирање на отпадот — клуч чекор кон здрава животна средина и ублажување на климатските промени. Главни ѕвезди во видеото се наставниците и учениците од основните училишта каде што ги одржавме нашите едукативни работилници. Тие јасно порачуваат: со менување на секојдневните навики и активен граѓански ангажман, секој од нас има моќ да донесе позитивни промени во општеството!
    Ова видео е дел од промотивнтаа дигитална кампања со едукативно-информативни содржини за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад.
    Оваа видео е подготвено во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Resource Environmental Center – REC North Macedonia Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија и Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Цивика мобилитас #CivicaMobilitas.
     
    Содржината на оваа видео е единствена одговорност на партнерите во проектот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија #CHinMK, Цивика мобилитас #CivicaMobilitas, или организациите што ја спроведуваат.

  • Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери

    Програми Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери Кампот Михелштат во Германија беше домаќин на Европскиот младински камп, кој собра 135 учесници од 15 земји. По долго патување, а за некои и пристигнување во Михелштат низ серија на предизвикувачки услови, младите и нивните лидери се обединија околу заедничката тема: “Growing together – rooted in values – rising as leaders“, односно „Растеме заедно – вкоренети во вредностите – се издигнуваме како лидери“. Кампот понуди динамична програма исполнета со различни курсеви, интерактивни работилници и можности за размена на знаења и искуства. Курсевите беа задолжителниот дел и опфаќаа повеќе теми поврзани со менталното здравје, лидерството, активности на отворено поврзани со изградба на куќарки на дрва, обработка на темата “Do no harm” како методологија против било каков вид на насилство, односи со јавност, техники за раскажување приказни, театарски пристап во работата со млади и дигитално образование. Младите учесници и младинските работници активно придонесуваа со сопствените идеи, практики и перспективи, создавајќи простор во кој сите можеа да учат едни од други. Во фокусот беше заедничкото учење за иднината на младинската работа, како и развивањето лидерски способности засновани на вредности, соработка и меѓународно разбирање. Покрај едукативниот дел, програмата беше збогатена со многу креативни и забавни активности. Учесниците имаа можност да бидат дел од интернационален музички бенд, да создаваат уметност низ различни работилници за рачни изработки, цртање и сликање, работилници за дизајнирање восочни свеќи како и склопување и дизајнирање на куќарки за мали птици, да учествуваат во работилници за пеење (ten sing), да посетуваат сесии за релаксација и да учествуваат во спортски активности на терените на кампот во Михелштат. Дури и високите температури не ги спречија учесниците да учествуваат на сите овие настани, но и да уживаат во посетата на локалниот базен. За учесниците, покрај овие обврски, вклучена беше и прошетка до адреналински парк и возење на мал, планински ролеркостер, како и патување со брод по реката Мајна до блискиот град Милтенберг. Од Македонија имаше вкупно 7 претставници. Во изминатите четири години, овој камп прерасна во важно место за средба на европското ИМКА движење. Тој не претставува само меѓународен собир, туку простор каде што младите градат пријателства, споделуваат искуства и се инспирираат стекнатото знаење да го пренесат во своите земји и локални организации. Овој камп служи за сплотување на младинските работници низ камповите во Европа и е особено значаен за нашата земја од аспект на тоа што нуди споделување на искуства поврзани со камп културата која што ИМКА во Битола и во Македонија неуморно се труди да ја издигне на едно повисоко и препознатливо ниво за сите наши локални учесници, волонтери и поширока публика. * Пред да дојдам на кампот во Михелштат немав некои преголеми очекувања. Се надевав дека ќе запознаам нови луѓе, ќе стекнам пријатели и ќе разменам мислења со млади од различни земји. На крајот, сето тоа се исполни, па дури и ги надмина моите очекувања. Најинтересен и највпечатлив дел за мене беше курсот за лидерски вештини. Таму научив многу корисни работи за комуникацијата, тимската работа и начинот на кој еден лидер може позитивно да влијае на другите. Сигурно ќе ги применам овие знаења и во мојата заедница. За време на кампот стекнав поголема самодоверба во споделувањето на моите мислења и научив како подобро да ги разбирам и почитувам луѓето околу мене. Ова искуство ми помогна да пораснам како личност и да станам поотворен кон нови идеи и перспективи. Дефинитивно би го препорачал Михелштат кампот на секој млад човек кој сака да стекне нови искуства, да создаде меѓународни пријателства и да научи нешто корисно и вредно за својата иднина. Никола Гелов Кога првпат слушнав за кампот во Михелштат, сè ми дојде многу неочекувано. Бев пресреќна кога дознав дека и моите другарки добија можност да учествуваат, бидејќи знаев дека заедно ќе доживееме едно незаборавно искуство. Секој ден на кампот ми беше интересен на свој начин. Имав можност да научам многу нови работи и да запознаам луѓе од различни средини. Особено ми се допадна курсот по пеење. Таму научив дека не треба да се плашиме да пробаме нешто ново. Ако никогаш не се обидеме, нема да знаеме што можеме да постигнеме. Секој човек има свој талент и свој начин на изразување, а токму тоа нè прави посебни. Едно од највозбудливите искуства за мене беше активноста во Tree House. Искрено, пред да дојдам на кампот мислев дека тоа не е нешто што би го направила во мојот град. Но, овде решив да излезам од мојата зона на удобност и да пробам нешто ново. На крајот, многу се забавував и бев горда на себе што се осмелив да учествувам. Од курсот по пеење научив и една важна животна лекција: дека не треба да ги осудуваме другите. Секој може да направи нешто на свој начин и тоа не го прави помалку вреден. Наместо да критикуваме, треба да ги прифатиме и почитуваме разликите меѓу луѓето. Кампот ме научи да се дружам со сите, да бидам поотворена и да не донесувам брзи заклучоци за другите. Сфатив дека секој човек има своја приказна и дека сите заслужуваат почит, разбирање и поддршка. Најважната порака што ќе ја понесам со себе е дека треба да бидеме храбри и да не се плашиме од нови предизвици. Нема глупави прашања и нема неуспеси кога учиме нешто ново. Секое искуство е можност да пораснеме и да станеме подобра верзија од себе. Дефинитивно би им го препорачала Михелштат кампот на сите млади кои имаат можност да учествуваат. Пријателствата, чувството дека сте дел од едно големо семејство, новите искуства и сè што се учи таму се нешта што тешко можат да се доживеат на друго место. Тоа е искуство кое засекогаш останува во сеќавање. Јована Кирјаковска   Бидејќи и претходно имав учествувано на два меѓународни кампа надвор од Македонија, дојдов во Михелштат со високи очекувања и чувство на возбуда. Од моите претходни искуства знаев дека ме очекува нешто посебно, а кампот ги надмина сите мои очекувања. Она што најмногу ми се допадна беше разновидноста на курсевите и работилниците. Тие создадоа можност сите учесници да се запознаат подобро, да се дружат и да учат едни од други.

  • ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби

    ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби На 27 јуни 2026 година, Кирил Михајлов, командир на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, учествуваше на панел-дискусија во Скопје посветена на противпожарната заштита и подготвеноста за вонредни состојби. Во рамки на дискусијата беа разгледани дел од клучните предизвици со кои се соочуваат противпожарните…

  • Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE

    Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE Доброволното противпожарно друштво Свети Николе продолжува да придонесува кон целите на проектот ENSURE преку своето директно учество во сложени интервенции на шумски пожари во Северна Македонија. За време на големиот пожар во Општина Македонски Брод, тимот на ДПД Свети Николе беше ангажиран како…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор