цивил

ЦИВИЛ: Борбата за човековите права и слободи продолжува!

ЦИВИЛ им го честита 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права на сите граѓанки и граѓани на Северна Македонија и на светот и порачува: Борбата за човековите права и слободи продолжува!

Меѓународниот ден на човековите права, е повик за вклучување на сите граѓанки и граѓани во бескомпромисна борба  во одбрана на човековите права и слободи. На овој ден ЦИВИЛ ги повикува институциите да манифестираат максимална одговорност и посветеност и ги потсетува дека човековите права и слободи се нивна прва и најголема обврска.  Во духот на слободата, солидарноста и толеранцијата, ЦИВИЛ повикува на почитување и заштита на човековите права и слободи.

Обврска на секое општество, на сите институции на локално и национално ниво, на сите носители на одлуки, сопственици на бизнис и на сите луѓе е да ги почитуваат човековите права и слободи. Секој човек ги има истите човекови права и слободи како и сите други луѓе во светот, само затоа што е човек. Човековите права и слободи се неотуѓиви – никој не може да ги даде или да ги одземе, бидејќи тие веќе му припаѓаат на секој човек!

Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Универзалната декларација за човекови права во Париз, на 10 декември 1948 година. Декларацијата произлезе од мрачното искуство во Втората светска војна и потребата за заштита на основните права на човекот. Првиот член на Декларацијата „сите луѓе се раѓаат слободни и рамноправни во достоинството и правата“ потенцирајќи дека со самото раѓање, секој човек се стекнува со сите права опишани во Декларацијата.

Оваа година човековите права и слободи беа под сериозна закана од глобалната здравствена криза со Ковид-19. Освен правото на здравствена заштита подеднаква за сите, во многу земји во светот страдаа и слободата на говор, на медиумите, правото за навремена и објективна информираност. Пандемијата сѐ уште е предизвик за човековите права и слободи укажувајќи на кревкоста на човештвото, рамноправноста и достоинствено живеење.

ЦИВИЛ оваа година, во име на слободата и бескомпромисната борба за заштита на човековите права, а по повод Меѓународниот ден на човековите права, организира Фестивал на слободата кој опфаќа голем број учесници кои говореа и ќе говорат деновиве на голем број настани, панел дискусии и конференции. Дел од темите се: изборните реформи и гласачкото право, пандемијата и инфодемијата, социјалната правда и дискриминацијата, како и низа теми во доменот на човековите права и слободи. На панел дискусиите и конференциите се поканети експерти, граѓански активисти, високи владини претставници, претставници на медиумите и други.

ЦИВИЛ  денеска, 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, ја организира Конференцијата за човекови права, правда и антикорупција „Следна Станица: Европа“ во две сесии, во 12 и 13:30 часот. Првата сесија од конференцијата е со наслов „Правда и владеење на правото“, а втората „Борба против корупцијата“.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да го одбележат Меѓународниот ден на човековите права и заеднички, во активистички дух, да испратат силна порака за почитување на човековите права и слободи, секаде и без исклучок.

Еден од клучните документи по кои се води ЦИВИЛ е токму Универзалната декларација за човекови права. Затоа и не е случајност што ЦИВИЛ, во областа на граѓанските и политички права, поведе иницијатива за прогласување на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права, како Ден на човековите права во нашата земја кој нема само пригодно да се одбележува од граѓанските организации, туку ќе биде ден на промоција и отчет на институциите и политичките структури за нивните напори и активности за подобрување и промоција, како и активно делување во духот на почитувањето  на човековите права и слободи.

ЦИВИЛ тим за комуникации

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор