Случај Дрисла: Не смрди само ѓубрето
автор: Горан Лефков
Центарот за истражувачко новинарство СКУП е корисник на институционален грант од Цивика мобилитас.
Денес на настанот организиран од @Организација на работодавачи на Македонија – ОРМ ја претставивме студијата „Подобрување на бизнис продуктивноста: Сеопфатна анализа на продуктивноста и нејзините двигатели во фирмите во Северна Македонија“ Студијата нуди длабински увид во состојбата со продуктивноста на фирмите, преку анализа на вкупната факторска продуктивност. Идентификувани се клучните…
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и организацијата Плиадес, заедно со Општина Чаир, на 26 мај 2025 година ја организираа работилницата „Активни локални совети за превенција – отпорни заедници“.
Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, во своето обраќање ја нагласи суштинската улога на ЛСП како механизам за рана интервенција и градење на безбедна заедница. Тој подвлече дека е потребна координација помеѓу сите нивоа на власт, како и систем за размена на информации помеѓу државните и локалните институции. Ганиу истакна и дека најавените измени во Законот за локална самоуправа, кои предвидуваат воспоставување на локална полиција, може отворат нови можности за поефикасна локална превенција.
За Калтрина Зеколи Шаќири, членка на ЛСП во Општина Чаир и актуелен заменик-министерка за транспорт, ЛСП се столб на локалната координација и превентивно дејствување. Според неа, потребно е тие да добијат појасен институционален статус, со законска поддршка и јасни механизми за соработка со сите надлежни институции на локално и национално ниво. Зеколи Шаќири особен акцент стави на младите како клучна и чувствителна група, кај која превентивниот пристап мора да биде интегриран и континуиран. Таа нагласи дека ангажманот не смее да се сведува само на формалното образование, туку треба да вклучува и спортски, културни и воспитни активности, преку кои младите би ја зајакнале својата отпорност кон ризици и негативни влијанија.
На настанот учествуваа претставници од општинската администрација, образованието, верските заедници, како и дел од членовите на ЛСП. Тие разговараа за потребата од посистематско функционирање на Локалниот совет за превенција, неопходноста од меѓуопштинска соработка, размената на информации, потреба од поголема видливост и вклучување на повеќе чинители – како граѓански организации, училишта и верски институции – во процесите на локална превенција.
На работилницата беа мапирани неколку групи проблеми како и ризиците кои ги предизвикуваат. Учесниците зборуваа за безбедноста во училиштата, булингот, сајбер булингот, за дискриминацијата, семејното насилство, мобилизацијата на квалитетни човечки ресурси, инфраструктурата, сообраќајот, ангажманот на граѓаните, особено на младите итн. Следниот чекор од оваа работилница е преточување на дел од дискусиите во план за работа и конкретни активности за Локалниот совет за превенција.
Работилницата е еден сегмент од пошироките заложби за унапредување на локалните механизми за справување со општествени и безбедносни предизвици во заедниците и е организирана како дел од програмата „Пат кон отпорност и реинтеграција на ранливите семејства во заедницата“ кој го поддржува ГЦЕРФ, а го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Нексус – граѓански концепт и Здружението за активен и здрав развој на жените и децата „Плиадес“.
Следно >
Поврзани:
На 21.05.2025 година во просториите на ОУ Никола Карев во Крушево тимот на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – втора фаза” реализираше отворен ден со граѓанските организации и граѓаните, како дел од Мобилниот ресурсен центар во општина Крушево.
Целта на средбата беше локалните организации да се информираат за актуелните случувања за развој на граѓанското општество на национално ниво, можностите за финансирање и јакнење на граѓанските организации, можностите што ги нуди Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) и други теми и прашања кои се од интерес за функционирањето на организациите на локално ниво. Покрај граѓанските организации на настанот беа присутни и претставници на општинската администрација, млади активисти и волонтери и претставници на бизнис заедницата што соработуваат со граѓанските организации.
Лефкија Гажоска, претседателка на Социо-економскиот центар за туристички услуги-Феел Крушево (Feel Krushevo), здружение кое претставува локална платформа за развој на туризам, истакна дека нивниот фокус е промоција на производство на локални еко-производи, но исто така и дека е запознаена и го следи ГРЦ со што нивниот пристап до информации е многу олеснет.
На средбата беа присутни и неколку претставници на организации на кои главен фокус им се младите, дел формирани неодамна, но и организации кои постојат повеќе од 25 години. Андигона Антеска, преставничка на ГО Центар за хумани односи, Крушево која е една од овие организации, истакна дека истите добиваат поддршка од општината со простор и опрема, како и финансиска поддршка и ја поздрави посетата на ГРЦ во Крушево бидејќи, како рече, како мала општина, граѓанските организации имаат потреба од повеќе вакви средби каде ќе имаат можност да се информираат за актуелните случувања поврзани со развојот на граѓанското општество. Драган Јанкоски, претставник на Здружението за локален развој Академик од Крушево сподели дека имаат имаат искуство во меѓународни проекти, како и соработка со општината во многу проекти, а токму со еден таков проект изграден е детски забавен парк до спомен-куќата на Тоше Проески. Граѓанските организации од Крушево се вмрежуваат и соработуваат регионално, добиваат помош од општината и Домот на Културата со простор и поддршка при организација на настани, но изјавија дека за жал недостига интерес и поддршка од граѓаните.
Посетата на Крушево ја завршивме со краток состанок со градоначалникот Томе Христоски, кој ја потврди поддршката и соработката со граѓанските организации кои се отчетни и транспарентни во својата работа. За остварување на соработката на граѓанските, меѓународните, хуманитарните и други организации со општинската администрација е одговорно Одделението за Локален економски развој и прекугранична соработка. Општината нема посебна Стратегија за соработка со граѓанските организации, туку тоа е дел од Стратегијата за локален економски развој на општина Крушево 2023-2027, но во општинскиот буџет има алоцирано средства за финансирање на активности на локалните организации, кои се доделуваат на отворен повик за финансирање на активности на здруженија на граѓани.
Исто така, општината има Комисија за еднакви можности помеѓу мажите и жените, како и Службеник за млади.
Посетата на Мобилниот ресурсен центар беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка на Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.
< Пред Следно >
Поврзани:
Со огромна чест и инспирација ја затворивме интернационалната завршна конференција на проектот Good Governance and Sustainability in Sport Practice, организирана од Еко-Логик во соработка со партнери од Италија, Шпанија, Србија, Унгарија и Германија .Оваа конференција обедини повеќе од 70 учесници – спортисти, спортски менаџери, тренери, волонтери, претставници на клубови, локални спортски здруженија, федерации, како и претставници од Македонскиот олимписки комитет. Заедно, ја споделивме нашата заедничка посветеност кон одржлив развој во спортот и унапредување на доброто управување.Темите што ги дискутиравме беа клучни и актуелни – транспарентност, инклузивност, и долгорочна одржливост во спортските практики. Преку инспиративни презентации од партнерите на проектот, динамични дискусии со говорници од различни спортски профили и интерактивни работилници, се развија идеи за нови иницијативи и проекти кои ќе продолжат да го градат патот кон еден поодржлив спортски систем.Голема благодарност до сите учесници, говорници и соработници кои дадоа свој придонес во оваа успешна приказна. Вашата енергија, знаење и ентузијазам се основата врз која ќе продолжиме да градиме одржливи спортски заедници.Особена благодарност упатуваме до Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ, кој беше домаќин на конференцијата. Со голема почит му се заблагодаруваме на проф. д-р Влатко Неделковски, декан на факултетот, за неговата отвореност, поддршка и топло гостопримство.Овој настан уште еднаш покажа дека академската заедница има важна улога во унапредување на принципите на добро управување и одржливост во спортот. Заедно, преку меѓусекторска и меѓународна соработка, можеме да создадеме подобра иднина за спортот – иднина каде што вредностите, одговорноста и одржливоста се во срцето на секое спортско делување.
Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, почитувајки ги основните принципи на извидничкото движење и оваа годината на 23 мај 2025 год. (петок) во извидничкиот центар “Голозинци“ ја прослави одредската слава Св. “Кирил и Методиј“ – македонски и сесловенски просветители, со што ја дополнуваме и нашата воспитно-образовна дејност како младинска организација….
Во рамките на проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“, кој има за цел унапредување на стандардите за дигитални права и поддршка на интеграцијата на регионот во единствениот дигитален пазар, на 22 мај 2025 година, Фондацијата Метаморфозис организираше работна средба со надлежните институции на тема „Импликации од Законот за дигитални услуги на ЕУ врз граѓанските организации и истражувачките новинари во Северна Македонија“.
Средбата се одржа во просториите на Фондацијата Метаморфозис во Скопје и собра претставници на Министерството за дигитална трансформација, Министерството за економија, Агенцијата за електронски комуникации, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Агенцијата за заштита на лични податоци.
Настанот го отвори Данче Даниловска-Бајдевска, програмска директорка во Фондација Метаморфозис, која истакна дека во рамките на заложбите на Метаморфозис за одговорна дигиталната трансформација, препознавме дека е неопходно и важно усогласувањето со Законот за дигитални услуги на ЕУ, и покрај тоа што Северна Македонија не е членка на Европската Унија, преку еден процес на вклучување на сите засегнати страни – институции, граѓански организации, медиуми и бизнис сектор, од причина што тоа е клучен чекор за унапредување на заштитата на корисниците и транспарентноста на онлајн просторот. Таа го поздрави прифаќањето на иницијативата на Метаморфозис за усогласување на нашето законодавство со Законот за дигитални услуги на ЕУ од страна на Министерството за дигитална трансформација и вклучувањето во Програмата за работа на Владата за 2025 година.
Потоа, во воведната сесија, проф. д-р Елизабета Тошева даде преглед на основите на Законот за дигитални услуги на ЕУ (Digital Service Act – DSA) и неговите главни принципи на транспарентност, одговорност и заштита на корисниците, како и неговото влијание врз слободата на изразување и дигиталните права.
А во продолжение, проф. д-р Ана Секуловска Ј. ги претстави клучните наоди од истражувањето за импликациите од Законот за дигитални услуги на ЕУ врз граѓанските организации и истражувачките новинари во Северна Македонија, со посебен фокус на предизвиците и ризиците врзани со дигиталните платформи, доверливите пријавувачи и алгоритамското модерирање.
На крајот на средбата имаше плодна дискусија и беа отворени неколку клучни прашања поврзани со идната имплементација на Законот за дигитални услуги на ЕУ во националниот контекст. Присутните разговараа за тоа која институција или тело би било најлогично да ја преземе улогата на национален Координатор за дигитални услуги, како и за критериумите и капацитетите потребни за назначување на таканаречените Trusted Flaggers („доверливи пријавувачи“).
Фондацијата Метаморфозис ќе продолжи со организирање на вакви средби и во иднина, поттикнувајќи дијалог и соработка меѓу институциите и граѓанското општество. Сите засегнати страни се охрабрени да дадат свој придонес во овој важен процес на креирање одржлив, инклузивен и транспарентен дигитален екосистем.
Истражувањето „Импликации од Законот за дигитални услуги на ЕУ на граѓанските организации и истражувачките новинари во Северна Македонија“, спроведено во рамките на проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“, е достапно на следниот линк.
Проектот „Интеграција на Западен Балкан во единствениот дигитален пазар на ЕУ“ е финансиран од Фондациите Отворено општество – Западен Балкан, а го спроведуваат Партнери Србија (Србија), Фондација Метаморфозис (Северна Македонија), Зошто не? (Босна и Херцеговина), НВО 35 mm (Црна Гора), Women in TechKosovo (Косово) и Институт за демократија и медијација (Албанија).
Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.