Gavel, scales of justice and law books

Канцеларија за правна поддршка на граѓански организации

Коалицијата Сите за правично судење, заедно со Македонското здружение на млади правници, Danish Refugee Council и Фондација за развој на локалната заедница, ви ја претставуваат воспоставената канцеларија за правна поддршка на граѓански организации.

Канцеларијата за правна поддршка на граѓански организации обезбедува правно советување на граѓански организации кои не се во можност да користат професионални услуги. а се соочуваат со проблем поврзан со следниве правни прашања:

  • Ревизија и подобрување на внатрешните акти на организацијата (статут, правилници, деловници, политики и процедури);
  • Постапката за упис на регистрација, промена и бришење на здруженијата и фондациите од Централниот регистар на РМ;
  • Обврските на граѓанските организации како рабодавци во областа на работните односи и безбедноста и здравје при работата;
  • Даночните обврски и правните аспекти на сметководството на граѓанските организации;
  • Правата од интелектуална сопственост (Авторски и сродни права, трговски марки итн.)
  • Заштита на лични податоци
  • Слободен пристап до информации од јавен карактер
  • Референдум и други облици на непосредно одлучување на граѓаните
  • Правни механизми за влијание врз законодатсвтовото и креирањето на политики
  • Правите ризици на граѓанските организации како организатори на настани и јавни манифестации
  • Договорните обврски на граѓанските организации како обезбедувачи и потрошовучи на добра и услуги
  • Посебни правни обврски кои произлегуваат од посебноста на целната група со која работи граѓанската организација (пр. Деца, жртви на семејно насилство, мигранти, лица лишени од слобода).

Како до правна поддршка?

Граѓанската организација која има потреба од правна поддршка од Канцеларијата треба да го пополни on-line формуларот за барање на правна поддршка.

Граѓански организации кои имаат право да побараат правна поддршка од Канцеларијата се:

  • Здруженија и фондации регистирани согласно Законот за здруженија и фондации чиј годишен буџет за претходната година не надминува 15.000.000 денари.
  • Неформални граѓански иницијативи кои се здружени заради остварување на одредена општествена промена.
  • Независни синдикати на ниво на гранка или работодавец

Коалицијата Сите за правично судење, Македонското здружение на млади правници и Фондацијата за развој на локалната заедница се корсници на институционални грантови од програмата Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор