20180418 cea vest

Соработката како фактор за развој на граѓанските организации

Случај: Искуствата и видувањата на граѓанските организации, единиците на локалната самоуправа и јавноста за соработката со граѓанските организации во Пелагонискиот регион

  • Генералната перцепција на граѓаните е дека најголем дел од нив знаат што претставува граѓанска организација и имаат негативен став за работата на граѓанските  организации, но, од друга страна, голем дел од граѓаните не можат да именуваат ниту една граѓанска организација и немале средба со граѓански организации. Оттука, генералниот заклучок е дека е потребно да се популаризира значењето, работата и улогата на граѓанските организации во Македонија.
  • 60 % од граѓаните од градските подрачја се изјасниле со негативен став за работењето на ГО наспроти 24 % од граѓаните од приградските подрачја.
  • Шест од дваесет ГО сè уште не оствариле соработка со други ГО во потесна смисла (остварување заеднички цели преку партнерства за заедничко аплицирање и спроведување проектни активности, организирање и спроведување истражувања и изработка на документи за јавни политики во областа на дејствување на ГО со цел поефективно застапување), една ГО воопшто не соработува со други ГО, а истата соработува со ЕЛС. Другите ГО редовно аплицираат и работат на заеднички проекти, истражувања и учествуваат во креирањето јавни политики заедно со други ГО.-
  • Кај повеќе од половината од интервјуираните граѓански организации, како главен предизвик за меѓусебната соработка се наведуваат: недостатокот на развиени човечки капацитети за остварување квалитетна соработка (во помалите организации проблем е дури непознавањето на англискиот јазик и на основните технички вештини потребни при аплицирање), како и немањето простор за работа.
  • Сите општини од Пелагонискиот плански регион досега имаат остварено некаква форма на соработка со ГО.
  • Осум од девет општини во Пелагонискиот плански регион ценат дека соработката со ГО има позитивно влијание врз заедницата во регионот.
  • Општините ценат дека капацитетите и професионалноста на поголем дел од ГО кои се регистрирани во рурални општини се релативно слаби, што ја отежнува можноста за соработка. Најчестата соработка на руралните единици на локалната самоуправа со ГО се остварува преку локалните акциски групи (ЛАГ) со ГО регистрирани во урбани општини кои имаат поголем капацитет.

Целосното истражување едостапно на следниот линк:  Соработката како фактор за развој на граѓанските организации 

Оваа публикација е овозможена со поддршка на CIVICA MOBILITAS во рамките на проектот „Фискална децентрализација за подобар регионален развој на граѓанското општество“ имплементиран од Центарот за економски анализи.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор