[Aggregator] Downloaded image for imported item #47020

Претставување на XXVI Вардарската регата “Гемиџии 2026“ на МРТ

На 15.4.2025 год. (среда), за потребите на утринската програма на МРТ, старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, имаше изјава за програмата на МРТ, а поврзано со XXVI Вардарска регата “Гемиџии“ 2026.

Во разговорот беше образложена програмата на XXVI Вардарската регата “Гемиџии“ 2026 од самиот почеток од Велес преку полигонот Криволак,  па престојот во Демир капија, па префрлањето на територија на Република Грција, сместувањето во Евзони, пловењето кон Поликастро и доаѓање до Акропотамос како втор базен логор во Грција и поаѓање кон вливот на Вардар и пловењето по делтата на Вардар и излез на отворено море во Солун.

Регата ќе се реализира од 18 до 23 јуни 2026 год. Во рамките на разговорот беа повикани и приватниот и државниот бизнис сектор за помош за реалзирање на регата.

The post Претставување на XXVI Вардарската регата “Гемиџии 2026“ на МРТ appeared first on Scout Veles.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор