467475734 448847914620615 7860364461002004326 N 1024x768.jpg

Пошумуваме заедно за позелено утре под покровителство на DM дрогериите

На 24.11.2024 год. (недела) на терените на Велешко езеро петнаесет извидници од извидничкиот одред “Димитар Влахов“ земаа учество на еколошката акција “Пошумуваме заедно за позелено утре“!, поддржана од dm дрогериите.

Успешно ја завршивме масовната акција за пошумување, која традиционално ја организираме третата година по ред како дел од нашиот проект „Пошумуваме заедно за позелено утре“! 🎉
Оваа година, речиси 250 вработени од dm, волонтери и стручни лица од ЈП Национални шуми,извидници несебично го дадоа својот придонес во обновувањето и зачувувањето на зелените површини на нашата земја.

Заедно засадивме 35.000 нови садници во околината на Велес, достигнувајќи ја нашата цел од 100.000 засадени дрвја!

Благодарни сме на сите вас кои учествувавте во оваа важна иницијатива. Заедно, правиме разлика!

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор