ОТВОРЕН ПОВИК за волонтери

ОТВОРЕН ПОВИК за обука на волонери во ГЦ МК АСПЕКТИ

Во мај 2017 година ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР „Младен Костиќ“ АСПЕКТИ започна со нова програма под лого СТОП ОМРАЗА во проект на тема: „Младинска кампања за говор на почитување наспроти говор на омраза“ подржан од Цивика мобилитас. Можноста да се биде волонер во ГЦ МК АСПЕКТИ им овозможува на младите активно да се вклучат и да градат искуство преку активностите на организацијата. За таа цел ќе се спроведе ОБУКА на младинци од следниве градови: Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Кочани, Струмица и Кавадарци.

Младите кои се заинтересирани да станат да станат волонтери во ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР „Младен Костиќ“ АСПЕКТИ и да посетуваат 3 дневна обука, потребно е да ги исполнуваат следните услови:

 Возраст над 18 години  Да учествувале во активности на некоја граѓанска организација – предност ако е младинска организација  Да имаат искуство или да поседуваат способности за координирање или воделе одредена активност како волонтери или активисти  Изградени вештини за логистика  Да се одговорни кон навремено исполнување на зададените задачи
Предност ќе имаат младите кои се :
 студенти или дипломирани младинци oд хуманистички професии

Волонтерот ќе биде одговорен да асистира и да стекнува искуство и знаења во имплементација на активности кои се однесуваат на програма на наведената тема. Волонтерот ќе волонтира на активности со цел зголемување на свесноста на младите и граѓаните дека говорот на почитување придонесува за позитивна клима во областите на живеење, а говорот на омраза предизвикува насилство и поделби.

Практикантот ќе биде ангажиран за 1 година со повремени активности каде трошоците ќе бидат покриени финансиски.
Обуката ќе се спроведува во втората половина на септември 2017 година и ќе се реализира низ 4 работилници во текот на 3 дена со покриени трошоци за престој и пат на избраните учесници.

Заинтересираните волонтери да аплицираат најдоцна до 30 јуни и да испратат:
 кратка биографија во која ќе се наведат и активностите во кои учествувале  пополнета „Апликација за волонтер во ГЦ МК АСПЕКТИ“, која може да ја најдете на овој следниов линк :  да се наведе контакт на лице кое би можело да даде индивидуална препорака или одговорно лице во здружение или организација

Избраните кандидати ќе бидат контактирани и известени. Ве молиме наведете телефон за контакт и e–mail адреса.

Сите кандидати ќе бидат известени за резултатите од Отворениот повик, по електронски пат, во рок од 15 дена по затворање на повикот.

Документите со назнака/предмет на пораката Отворен повик за волонтер можете да ги доставите по електронска пошта: aspekti.mk@gmail.com

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор