[Aggregator] Downloaded image for imported item #48306

Учество на работилницата во рамки на проектот “Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната средина“

На 9.6.2026 год. (вторник) се одржа работилницата во рамки на проектот „Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната средина“, кој е поддржан од Expertise France, а се спроведува од страна на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во партнерство со Здружението за одржлив развој Милеуконтакт Македонија (МКМ), Центарот за правни истражувања и анализи (ЦПИА) и Здружение на граѓани ФЛОРОЗОН – Центар за еколошка демократија.

Работилницата беше наменета за членови на локални заедници, граѓански организации, млади и сите заинтересирани граѓани и институции од општините од Вардарски плански регион (Свети Николе, Кавадарци, Велес, Неготино, Градско, Росоман, Чашка, Демир Капија, Лозово), кои сакаат активно да се вклучат во процесите на креирање мислење и донесување на одлуки за прашања поврзани со животната средина.

Проектот има за цел да ги охрабри и поддржи граѓаните и институциите поактивно да се вклучат во процесите на донесување одлуки поврзани со животната средина, како и подобро да ги користат правните механизми за заштита на своите права.

Преку практични примери и интерактивна дискусија, се имаше можност да се запознаат со:

• механизмите за вклученост на јавноста

• правата и законските можности за заштита на животната средина

• начини за покренување иницијативи и застапување на локални еколошки прашања

Настанот овозможи простор за размена на искуства, идеи и заедничко креирање стратегии за подобра и поздрава животна средина. На оваа работилница од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес  учество зема старешината на одредот, м-р Ангелче Гушев

The post Учество на работилницата во рамки на проектот “Зајакнато граѓанско учество во заштита на животната средина“ appeared first on Scout Veles.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор