[Aggregator] Downloaded image for imported item #50130

Седми донаторски кружок

Донаторскиот кружок на Конект собра 601.217 денари за три граѓански организации

Донаторски кружок на Конект ја обедини заедницата на индивидуални филантропи и филантропки кои донираат обмислено по седми пат. Низ шоу програма водена од Огнен Јанески, вчеравечер, над 98 граѓани и бизниси, поединци, заеднички донираа за влијателни иницијативи на одбрани граѓански организации во нашите заедници. И годинава домаќин на одржувањето на донаторскиот кружок беше Македонски Телеком.

На кружокот се донираше во живо и се собраа вкупно 601.217 денари од индивидуални и корпоративни донации за следните три одбрани организации за годинашниот донаторски кружок:

Здружение за помош и поддршка на лица со афазија ХОУП Скопје – Замисли: одеднаш не можеш да зборуваш. Илјадници луѓе кај нас по мозочен удар имаат ваква состојба – афазија. Умот сака да каже, но зборовите тешко излегуваат. Надеж има, но потребна е упорност. Првиот специјализиран Центар за лица со афазија на здружението ,,ХОУП” и на Клиниката за неврологија ќе овозможи медицинска грижа и поддршка на пациентите и семејства што поминуваат низ долго опоравување. Дониравме за нов почеток.

Центар за младински активизам Крик  - Во четирите групни домови за поддржано живеење на КРИК,  20 наши сограѓан(к)и  со попреченост имаат достоинствен живот. За грижа, квалитетен живот и шанса за развој потребен им е нов мебел и адаптиран простор. Но, тоа не е доволно. Потребна е и можност за дружење, креативност и окупациона терапија што ги овозможува Креативниот центар „Крикни”. Дониравме за живот со поддршка.

Коалиција ,,Сите за правично судење”  - Во судниците е потребно будно око. Независните набљудувачи го запознаваат системот „одвнатре“ и носат сигурност дека граѓаните со разни судбини како жртви на семејно насилство, лица со попреченост, работници не се сами во судските лавиринти. За помош им се обраќаат и адвокати, судии и обвинители. Да овозможиме Коалицијата „Сите за правично судење“ да осигура дека уште 100 судски рочишта ќе добијат навремен, транспарентен и праведен исход. Дониравме за фер делење правда.

 Граѓаните донираа, а бизнисите „Фондација Телеком за Македонија“, „ЕВН“, „ТИТАН УСЈЕ АД Скопје“, „Фармахем“ и ,,Сигал осигурување“ ги удвојуваа вредностите на нивните донации. Низ забава, се донираше за песна, за најдобар танц, донираа деца, млади и возрасни. Поддршка во организацијата на годинашниот донаторски кружок даде и Амбасадата на Република Франција во Република Северна Македонија. Конект се заблагодарува за сите донации во облик на средства, волонтерство и менторство за организациите.

„Донаторските кружоци се многу повеќе од хуманитарно донирање. Граѓанските организации вложуваат знаење, енергија и ресурси за многу животни приказни да имаат среќен почеток и крај. Ние со нашите донации им помагаме во таа цел и ги поддржуваме нивните решенија што го менуваат животот на сите.“ изјави г-га Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект.

Здружението Конект со овие три организации ќе потпише договор за донација и ќе го следи нивното работење во однос на остварување на целта за која е доделена донацијата. Донациите се отворени и може да се донира за една од трите организации. За повеќе информации обратете се во Конект на 02/3224 198 или на konekt@konekt.org.mk и паметно вложете ја својата донација.

Фотографиите се донација на Венко Шереметкоски

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на КОНЕКТ

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор