[Aggregator] Downloaded image for imported item #48356

Успешно реализирана втората обука во Дебар во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион“

Денес во Дебар успешно се реализираше втората обука во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион“, кој се спроведува со поддршка на Швајцарската Влада преку програмата Цивика мобилитас.

Обуката претставува дел од серијата едукативни активности насочени кон подигнување на јавната свест за загадувањето на воздухот и поттикнување на активно учество на граѓаните, особено младите, во заштитата на животната средина.

Настанот го отвори координаторот на проектот, Бардул Туши, кој ги поздрави присутните и ги претстави главните цели и очекувани резултати од проектот. Во своето обраќање тој ја нагласи важноста на градењето локални капацитети и мрежи кои ќе придонесат кон подобрување на квалитетот на воздухот во Југозападниот регион.

Во продолжение, универзитетскиот професор Проф Д-р Мусах Фејзулов ангажиран како експерт за подготовка на програмата и едукативниот прирачник за обуките, одржа интерактивна сесија со учесниците. Тој детално ги презентираше содржините од прирачникот и реализираше практични задачи и дискусии со учениците присутни на обуката, и го презентираше и инструментот „климерко“ преку кој се мери квалитетот на воздухот.

Проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион“ продолжува со реализација на активности во повеќе општини од регионот, со цел создавање на поинформирана, активна и одговорна заедница која ќе придонесува кон почист воздух и поздрава животна средина за сите граѓани.

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Здружение на еколозите Натура – Струга и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

#CHinMK#CivicaMobilitas

Civica MobilitasEmbassy of Switzerland in North MacedoniaИзвиднички одред “Мирко Милески” / Scout group “Mirko Mileski”

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“

Продолжи со читање

  • Интервенција пожар – Тактичко-техничка примена на четирициклот при интервенции на отворен простор

    Современите предизвици при справувањето со пожари на отворен простор бараат мобилност, брза проценка на состојбата и правилна употреба на расположливата противпожарна техника. Членовите на ДПД Свети Николе во своето оперативно дејствување го користат противпожарниот четирицикл како важен ресурс за пристап и работа на терени каде движењето со стандардни противпожарни возила е ограничено или отежнато. Неговата…

  • СЕОПФАТНО СЕКСУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ Е РЕШЕНИЕ ЗА НАСИЛСТВОТО, ЗЛОУПОТРЕБАТА И ДЕЗИНФОРМАЦИИТЕ – Владата има одговорност да го заштити здравјето на младите –

    ХЕРА со сериозна загриженост ја прими информацијата дека Министерството за образование и наука ја повлекува програмата и изборниот предмет „Сексуално образование“ од средното образование и […]

  • Нова публикација: „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“

    МЦМС ја објави публикацијата „Граѓанскиот сектор во бројки 2025“, финансиска, економска и општествена анализа на топ 100 граѓански организации според приходи во 2025 година. Анализата ги вкрстува завршните сметки за 2023, 2024 и 2025 година со податоците од регистарот на активни граѓански организации, и на едно место дава слика за големината, географијата, растот и ранливостите на организираното граѓанско општество во земјата.

  • Партнерите на проектот започнуваат со мапирање на потребите и развивање на инклузивна програма за обука

    Како дел од регионалниот проект „Лица со попреченост одгледуваат органски лековити билки“, партнерите на проектот започнаа со имплементација на Активноста А2 – Мапирање на потребите и подготовка на програма за обука за органско одгледување билки. Оваа активност ги здружува трите партнерски организации од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина…

  • Реализирани 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026

    По повод 8ми Септември Денот на државноста на Република Македонија, а остварувајќи ја својата програма за работа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше 40 (XL) Средби на извидници – Велес 2026  кој се одржаа во периодот од 4 до 6.9.2026 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село….

  • 74 години – Извиднички одред “Димитар Влахов“

    Во далечната 1948 година со Законот за предвојничка обука во рамките на Гимназијата “Кочо Рацин” во Велес започнуваат да се формираат првите одделенија кои што работат активности слични на нашите, извидничките. Тие одделенија се до 1952 година работат како неформални групи за да на денешен ден 8 септември во учебната…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор