Интервју со Костас Лапавицас: За кризата на Европската Унија, работничкиот интернационализам, односот на периферијата и центарот
Објавено: 15/06/2017
Интервјуто е првeнствено објавено на prometej.ba и criticatac.ro. Превод на македонски: Соња Стојадиновиќ

Дарко Вујица, Прометеј.ба: По стандардниот неолиберален наратив, грчката криза е последица на расипништвото на мрзливите грци, а ваквото сфаќање се користи како би се оправдале мерките на штедење кои и се наметнуваат на земјата. Дали би можеле подетално да објасните како дојде до кризата?
Костас Лапавицас: Не постои покритие за претпоставката дека кризата избила поради мрзеливоста или расипничката природа на народот на Грција. Кризата е присутна насекаде во еврозоната, а Грција е нејзиниот најлош случај. По мое мислење, кризата изби поради неспособноста на Грција да функционира во еврозоната, а причина за тоа е пред се германската внатрешна политика. Вистинскиот проблем на еврозоната не се Грција, Шпанија и Португалија туку Германија и нејзината внатрешна политика. Секако дека Грција имала многу економски и социјални проблеми, но причината за кризата не ниту управувањето со финансиите ниту мрзеливоста. Причината всушност била германската политика која во таа земја ги намалува платите, што предизвика некомпетитивност на грчаката економија (и на другите економии на европската периферија) што на крај доведе до голем дефицит во билансните плаќања и на тој начин се предизвика огромната криза во 2010 година. Се работи за темелен проблем на еврозоната- проблем на германската внатрешна политика при што Грција е е сао најлошиот случај кој се произведе во еврозоната. Решенијата кои беа применети во Грција како плановите за спасување со парични и инекции и мерки за штедење, како и неолибералното преструктуирање на економијата само ја зголеми ситуацијата дополнително ја зацврсти Грција на периферијата, без значајни изгледи за раст.
Велите дека проблемот на Европската унија не се земји како Грција, Португалија или Шпанија туку Германија. Можете ли тоа детално да го елаборирате?
Во монетарната унија мора да постојат некакви правила и пракси на кои сите членови ќе се придржуваат како би постанала таа монетарна унија. Германија систематски ги кршеше тие правила, посебно правилата врзани за инфлацијата кои се поврзани со висината на платите. Таа ја држеше својата инфлација многу ниско, ги плаќаше своите работници малку, па системски беше под нивото на инфлација кој го пропишува Европската централна банка. Правилото си е правило. Не може да биде лошо кога сте над прописите, а добро е кога сте под нив. Да се биде под пропишаните нивоа е исто така кршење на правилата и Германија систематски ги кршеше правилата. Резултатот на тоа е голем суфицит на германскиот трговски биланс со кој таа ја зголеми својата конкурентност. Германскиот суфицит на тековната сметка денеска изнесува 8% од БДП. И тоа е кршење на правилата, но пак казната изостанува. Значи, Германија и нејзината внатрешна политика се систематски проблем на еврозоната. Германскиот индустриски сектор се стекна со конкурентност и моментално извезува низ светот и доминира во Европа. Еврозоната за Германија стана домашен пазар каде таа ги контролира главните политички и останати движења во Европа. Од таму доаѓа проблемот и тоа е моменталната европска реалност.
Велите дека Европската унија е заедница чија цел е заштита на интересите на зголемите земји на сметка на помалите и дека враќањето на националниот суверенитет е клучен дел од стратегијата за европската левица. Можете ли малку подетално да ја објасните оваа теза?
Мислам дека е многу важно да се разбере она што навистина е реалност во Европа и Европската унија, не користејќи се со идеолошките термини кои зборуваат за прекрасната солидарност и соработка на европските нации и слично. Сите тие идеи за ускладување, заеднички просперитет, демократско одлучување се очигледно во судир во реалноста. Она што се појави во Европската унија е структура на јадро и периферија, не ускладеност, не единство, не хомогеност туку јадро и периферија. Капитализмот во Европа уште еднаш создаде јадро и периферија. Всушност, постои повеќе од една периферија. Постои периферија на медитеранските земји (Шпанија, Грција, Португалија), потоа периферија на земји кои се блиску поврзани со Германија и практично се ограноци на германската производа машина (Чешка, Словачка, Словенија итн) и на крајот постојат земји кои се некој вид на подалечна периферија. Не се во еврозоната, не се директно поврзани со Германија, остатоци се на Европската унија (Бугарија, Романија, Хрватска). Тоа е ситуација која се создала во Европската унија во која сега доминира Германија. Германија не како нација туку како капиталистички индустриски комплекс кој масовно извезува и создава услови својата земја да биде најголем давател на позајмици. Тоа се случило на сметка на ограничувањата и сузбивањата на платите, т.е. на сметка на германските работници и работнички воопшто. Во таквата ситуација европската левица мора да ги разбие старите митови на заедница со иста цел, единствена Европа и т.н. Таа мора да ја препознае стварноста и да направи јасни предлози за промени. По моето мислење, тие предлози вклучуваат борба за национален суверенитет, пред се народен суверенитет како и за национален суверенитет. Секако, не во смисол во кој го застапува екстремната десница. Мораме да го вратиме суверенитетот и да го користиме како темел за интернационализмот во Европа- вистинскиот работнички интернационализам- а не интернационализмот на корпорациите и крупниот капитал.
Многу луѓе ја споредуваат ситуацијата во која Грција се наоѓа во последните години со состојбата во Аргентина помеѓу 1998 и 2002 година. Некои сметаат дека Грција би требало да го направи она што го направи тогаш Аргентина и да прогласи банкрот. Што мислите за тоа?
Постоја сличности и постојат разлики помеѓу тие два случаи. Сличностите го вклучуваат проблемот на билансното плаќање, неможноста за конкуретност со мерките за штедење. Главната разлика е аргентинскиот монетарен режим кој овозможил да имаат сопствена валута, пезо,со фиксна стапка на конверзија со доларот како задолжитена стапка. Грција припаѓа на ригидната монетарна унија. Кога во Аргентина станало претешко да се одржува фиксната стапка поради растот на дефицитот и кога се примениле мерките за штедење, разликата во однос на Грција дошла до израз. Како притисокот за мерките за штедење станал се поголем и поголем, Аргентинците и Аргентинките почнале да ги повлекуваат парите од банките и така ја поттикнале финансиската криза бидејќи Аргентиската централна банка очигледно не можела да ја осигура ликвидноста на банките. Во еден момент банките ги затвориле вратите и кризата избила. Аргентина била приморана да престане да ги плаќа долговите и конечно се откажала од фиксната конверзна стапка со доларот.
Клучната разлика била во членството о еврозоната заедно со потпирањето врз Европската централна банка. Резултатите од тоа се видливи. Аргентина имала слом, ја поминала кризата и силно се опоравила. Следел десет години најголем раст во историјата на Аргентина која ги надокнадила сите губитоци и чија економија го доживеала растот. Секако, Аргентина не станала рај, тоа се уште е не еднакво општество, таму се уште имаме немилосрден капитализам, но се опоравила. Грција не се опорави. Таа никогаш немала слом, никогаш не ги испегла своите сметки, никогаш не тргнала по друг пат- продолжи да оди надолу. Дали Грција некогаш ќе ја доживее аргентинската судбина? Не знам. Можеби ќе се случи во иднина како што Грција ќе стагнира. Ќе видиме.
Кои се стратегиите на интернационална соработка? Како да се организира отпорот на периферија?
Ни треба повеќе од обичен отпор. Отпор е нешто за кое сме разговарале во деведесетите и на почетокот на 2000- отпор кон неолиберализмот, интернацоналниот капитализам и т.н. Отпорот не е доволен затоа што тој ја прикажува левицата како исклучиво одбранбена сила која е насочена кон поправање на постоечката состојба.
Ни требаат позитивни предлози. Треба да бидеме активни, имагинативни, треба да им дадеме на луѓето свежа надеж за иднината. Како левица во Европа треба да најдеме заеднички стратегии, но исто така и стратегии кои различно се применуваат на периферијата за разлика од јадрото.
На периферијата и се потребни стратегии за развој, раст, вработеност и пораст на приходите. Земете ја за пример Хрватска која веќе долго време стагнира и од која младите луѓе емигрираат. Земете ја за пример Србија која е у уште полоша стагнација и од каде младите исто така си одат ако им се пружи шанса. Ни треба политика за создавање на работни места, економски раст и растечки приходи. Со други зборови, ни требаат јавни инвестиции, реструктуирање на економијата во корист на продуктивните активности. Тоа значи ревидирање на образованието и неговите врски со економијата како и темелна програма за ребалансирање на економијата со цел поголема еднаквост, поголема продуктивност, во која јавниот сектор мора да игра водечка улога, а приватниот сектор мора да најде нова рамнотежа со јавниот. Тоа е она што треба да го предлагаме, но ништо од тоа не е можно без конфликт со Европската унија, посебно не внатре во европската монетарна унија.
Тоа што овој пристап значи за меѓународните трансакции во Европа е тоа дека во најмала рака треба да го контролираме банкарството, меѓуародните текови на капиталот и тековите на девизниот пазар. Накратко, треба да ги уредиме економските односи помеѓу периферијата и јадрото на начин кој се противи на пазарот. Не сакаме да го вратиме економскиот суверенитет како би овозможиле диктат на слободниот меѓународен пазар, слободен тек на капиталот и неконтролирана размена помеѓу земјите. Тоа не е работнички интернационализам. Ние сакаме работнички интернационализам кој би ги контролирал тие односи во интерес на работниците и работничките.
Не се согласувате со идејата на Јанис Варуфакис за реформа и демократизација на Европската унија?
Мислам дека тоа е многу лоша идеја која многу ќе и штети на левицата во Европа. Тоа е всушност тоа што Сириза се обиде да го направи 2015 година. „Да ја освиме власта во Грција и политички да интервенираме во Европа за да создадеме движење за промени, ние можеме да ја трансформираме Европа затоа што сме го освоиле демократски мандатот од народот на Грција„. Несомнено се докажа дека тоа е невозможно. Силите на еврозоната и Европската унија се утврдени, материјално осигурани и интегрирани во големите корпорации. Тие нема да толерираат обид за реформа и ќе ги уништат сите оние кои мислат дека можат да интервенираат во Европската унија и да ја реформираат од внатре. Тоа е стратегија која била пробана и потфрлила. Тоа е лекција која левицата мора да ја научи. Ни треба стратегија која ќе се спротивстави на етаблираните снаги која ќе оди во директен конфликт со Европската унија така што ќе предлага различна економска политика.
Помеѓу 2012 и 2015 година Сириза беше пример по кој се формираше стратегија за левицата насекаде низ Европа. Кои елементи на стратегија можат да се задржат и применат на денешнава олитичка реалност, а кои мора да се променат и ки новини треба да се воведат?
Никакви елементи не смеат да бидат задржани. Сириза е потполно негативно искуство. Единствено што може да се научи од Сириза е што не треба да се прави. Пред се, левицата мора да престане да верува дека може да ја реформира Европа од внатре-затоа што таа тоа не го може. Бесмислено е да веруваш дека можеш да најдеш остроумни аргументи и да ги увериш моќните сили во Европа да се повлечат. Така европскиот капитализам не функционира. Сириза покажува дека, ако навистина сака да донесе промена, треба да се преземе власта поради создавање на можности за креирање на внатрешни политики, за враќање на народниот и националниот суверенитет и тоа да се употреби со цел постигање на промени внатре во својата земја и глобално. Секако дека Грција, Хрватска и Србија се мали земји кои би останале ограничени во меѓународното опкружување. Постоја ограничувања во делувањето со инструментите на суверенитетот. Но сепак може да се направи многу на тој начин отколку со користење на опскурни термини за европската солидарност и да се очекува транснационалното движење кое некако ќе ги убеди силите на Европската унија да прифатат да се реформираат. Тоа не е можно, било пробано, потфрлило и тоа е лекцијата на Сириза.
The post Интервју со Костас Лапавицас: За кризата на Европската Унија, работничкиот интернационализам, односот на периферијата и центарот appeared first on Солидарност.