ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР Младен Костиќ АСПЕКТИ е здружение кое првично беше регистрирано како Асоцијација за креативен развој, психотерапија и едукација. Мотивацијата за нејзиното основање произлезе од потребата да им се помогне на граѓаните во промена на свесноста за значењето на психосоцијалното здравје преку креативна адаптација во услови на брзи општествено-економски промени во заедницата, со хуманистички и едукативен пристап. Нашата визија е нашиот центар да биде значаен фактор во општествената заедница кој преку своите едукативни, искуствени, истражувачки, советодавни и други активности ќе придонесе кон зголемување на свесноста на граѓаните за потребата од психосоцијална подршка во насока на поквалитетен соживот. Нашата мисија е грижа и афирмација за психосоцијалното здравје на сите категории на граѓани (без дискриминација) за да се надминуваат стереотипите и предрасудите па и во однос на психолошкото советување и психотерапија; приближување на истите кон граѓаните преку едукативни, искуствени советодавни активности во насока на превенција и унапредување на квалитетот на живеење. Методите на работа се искуствени, доживувачки, интерактивни во групи или со индивидуалци, дискусии, трибини, презентации, работилници. Основната дејност е советодавна и едукативна во насока на зголемена свесност за себе и зголемена свесност за другите што води до позитивна промена и разбирање.
Од постоењето до денес се занимава со развивање на свесноста на граѓаните преку обуки, едукативни проекти, психо-социјална помош и подршка на млади, на професионалци и мобилни тимови кои работат со мигранти и бегалци. Поддржани од Цивика мобилитас со мал акациски грант 2015/16 г.
Возрасни
Деца, млади и студенти
Добро владеење
Здравје и здравствена заштита
Информации, комуникации и медиуми
Лезбеjска, геј, бисексуална, трансродова и интерсексуална заедница (ЛГБТИ)
Меѓуетнички односи
Миграција
Образование, наука и истражување
Развој на граѓанско општество
Родови прашања
Толеранција
Транспарентност
Градење капацитети (обука, фасилитација, менторство, совети)
Информирање (на пр. градење свест)
Социјално-хуманитарна поддршка
Друго
Општа јавност (сите граѓани)
Граѓански организации
Деца
Експерти од одредена област
Етнички заедници
Жени
ЛГБТИ
Лица со болести
Млади и студенти
Образовни институции
Сиромашни лица
Стари лица
Други маргинализирани групи