Остварени соработки со преставници на младински организациии и општински организации на Црвен Крст
Објавено: 01/09/2017
Во текот на месец јули и август беа остварени средби со младински организации и претставници од општинските организации на Црвен Крст во 12 градови низ Р.Македонија и тоа: Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга, Битола, Прилеп, Кавадарци, Куманово, Штип, Кочани и Струмица. И покрај топлото време средбите се одвиваа во пријатна атмосфера, срдачност и спремност за соработка во активностите што следат поврзани со акцијатана тема: „Младинска кампања за говор на почитување наспроти говор на омраза.“ Избрани се преставници и волонтери кои ќе учествуваат во дебатите организирани во нивните градови.