Screenshot 2026 05 24

Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“ испрати силна порака за младинско учество, доверба и иднина во Македонија

Над 200 млади ја поддржаа Декларацијата за инклузивно владеење и градење мир

Над 200 млади од различни градови, заедници и организации минатата недела во Скопје усвоија Младинска декларација за инклузивно владеење и градење мир, испраќајќи јасна порака дека младите бараат реално учество во носењето одлуки, функционални институции и конкретни услови за достоинствен живот и иднина во Северна Македонија.

Декларацијата беше усвоена на Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, кој се одржа во Ботаничката градина на Природно-математичкиот факултет во Скопје и обедини млади луѓе, институции, локални самоуправи, граѓански организации и меѓународни партнери. Документот претставува заеднички повик за посилна имплементација на Законот за младинско учество и младински политики, функционални локални младински совети, поголема институционална отчетност и вистинско вклучување на младите во креирањето политики и локалните приоритети.

Во декларацијата младите бараат мирот и социјалната кохезија да се третираат како секојдневна одговорност што се гради во училиштата, заедниците, младинските простори и локалните средини. Документот повикува и на создавање безбедни и достапни простори за младинско организирање, култура, креативност и слободно изразување, како и поголема поддршка за менталното здравје, медиумската писменост, претприемништвото и локалните можности за развој.

Особен акцент е ставен на потребата младите да бидат препознаени како рамноправни партнери во процесите на одлучување, а не само како формално консултирани чинители. Во декларацијата се бараат транспарентни институции, редовни младински консултации и механизми преку кои младинските препораки реално ќе влијаат врз политиките и буџетите.

Декларацијата беше потпишана од над 200 млади присутни на форумот и поддржана од локални и национални институции како заедничка заложба за поинклузивни и одговорни младински политики.

„Младите се движечка сила на секоја промена и затоа е важно да бидат информирани, едуцирани и активно вклучени во општествените процеси. Зелената зона покажа колку е потребна граѓанска едукација која им ја враќа моќта на младите да учествуваат и да бараат промени. Воедно, важно е да ја надминеме воздржаноста кај младите за јавно ангажирање и да ги охрабриме гласно да се борат за своите основни права – чист воздух, вода и здрава животна средина, изјави Анастасија Павловска, модераторка на зоната Green Voices Corner. „Кога младите го започнуваат денот исцрпени од доцнења, преполни автобуси и непредвидливи линии, тогаш зборуваме за системски проблем што директно влијае врз нивниот пристап до образование и можности. Ако образованието е право, тогаш патот до него не смее да биде секојдневна пречка.“ порача Лејла Бекири, модераторка во Culture and Identity Hub. Виктор Бучковски се надоврза дека „Безбедниот јавен превоз директно ја поддржува културата, бидејќи овозможува културните настани да не бидат концентрирани само во центарот на градот“. Од зоната Youth Power Lab, Борјан Ефтимов со заклучок: „Нашата генерација не смее да биде само сведок на состојбите, туку мора да биде дел од нивното менување. Останувањето има смисла само ако значи учество, одговорност и борба за подобро општество.“ Игор Антов, модератор во Future Makers Lab, изјави „Македонската претприемачка околина е динамична и полна со потенцијал, во земја која сè уште ги гради и развива своите економски можности. Верувам дека токму младите претприемачи и иновативните идеи се двигатели на тие промени и дека земјата е подготвена да создава производи и услуги што не само што ќе успеваат дома, туку ќе бидат конкурентни и на меѓународниот пазар.“ Ивана Јовановска заклучи дека „Прашањата за просторот од кој ја црпиме креативната сила, во кој создаваме и чувствуваме слобода и еднаквост е едни од најважните точки на кои мора интензивно и здружено да работиме.“

Форумот беше организиран од ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), во соработка со Министерството за социјална политика, демографија и млади, и со поддршка на RYCO – Регионалната канцеларија за младинска соработка.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор