[Aggregator] Downloaded image for imported item #48705

Активност за плевење и уредување на насадот со лаванда

Со многу посветеност, труд и тимска работа деновиве се реализираше активност за плевење и уредување на насадот со лаванда, кој е дел од социјалното претприемништво на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.
Лавандата е едно од најмиризливите и најлековити органски билки кои ги одгледуваме со љубов и грижа. Нејзиниот мирис носи спокој, а нејзините придобивки се широко познати и ценети.
Во оваа работна акција активно учествуваа вработените од социјалната услуга „Помош и нега во домот“ и “Лична асистенција” од Општина Градско, кои со својот ангажман и поддршка придонесоа за одржување и развој на нашиот насад.
Преку ваквите активности продолжуваме да ја поттикнуваме социјалната инклузија, заедништвото и одржливиот развој, создавајќи можности за работа, соработка и поддршка во заедницата.

The post Активност за плевење и уредување на насадот со лаванда appeared first on Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености Велес

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор