На онлајн троловите не смее да им се дозволи да заплашуваат новинари

Во последните 15 години, да се биде навредуван и малтретиран на интернет стана едноставно дел од работата на повеќето новинари. Во најлош слушај, тоа може да доведе до закани и физичка повреда – жените, особено, може да бидат мета на грозно и вознемирувачко злоставување.

За некои тоа значело и во целост откажување од сторијата поради напади од организирани банди, според новата анкета на Катедрата за новинарство и медиуми при Универзитетот во Централен Ланкашир.

Критикувањето на новинарите не е ништо нови, но леснотијата да се коментира на социјалние мрежи и сајтовите на издавачите го направи личното злоставување појавно, дозволувајќи им на инернет бандите да вршат концентрирани напади на социјалните мрежи или страниците на медиумските компании.

Троловите може да ги координираат нападите на страница која е заштитена со лозинка, и потоа симултано да тргнат да вознемируваат новинар на јавна страница, како што е Twitter. Нивниот напад не мора да биде на интернет – на пример како во случајот со основачот на Mumsnet, Џастин Робертс, кога трол пријавил во полиција дека вооружен напаѓач е виден во близина на нејзината куќа, поради што биле испратени вооружени полициски службеници.

Од 267 британски новинари кои учествуваа во анкета на интернет, само 6% рекле дека никогаш не биле жртви на онлајн злоставување, а 15% рекле дека се откажале од стории за кои знаеле дека ќе предизвикаат проблем.

Навреди и закани

Жените новинари почесто пријавуваат злоставување, додека спортските новинари и авторите на статии се поретко жртви. Повеќе од 40% од жените новинари пријавиле дека биле жртви на сексуални навреди. Повеќе од 60% пријавиле лични навреди, во споредба со околу половина од мажите новинари. Околу една третина и од мажите и од жените новинари рекле дека примиле закани.

Жените новинари пријавиле посилни и почести емотивни реакции, при што 95% рекле дека понекогаш или често биле вознемирени, во споредба со 74% од мажите. Две третини од жените рекле дека биле многу вознемирени, во споредба со една третина од мажите; и 45% рекле дека биле исплашени, во споредба со 20% од мажите. Речиси сите рекле дека биле лути, а речиси 30% од мажите и 40% од жените рекле дека често биле лути.

Слободниот и независен печат секогаш зависел од решителен и цврст став – и прашање на гордост е во повеќето редакции кога вработените не дозволуваат да бидат заплашени. Тоа е клучен дел од нивната улога да ги следат политичарите и другите на функција и да бараат одговорност.

Кога ја составував оваа анкета, не очекував никој да признае дека се откажал од сторија поради проблеми на интернет. Бев шокиран кога слушнав дека некој признава самоцензура, но кога ќе прочитате со какви напади се соочуваат, не можете да ги обвините.

Еден испитаник раскажа како бил мета на фановите на еден познат пејач откако напишал сторија која тие ја сметале за навредлива. Нивната кампања вклучувала закани по живот и отворање интернет страници во негово име кои барале детска порнографија. И неговата банкарска сметка било исто така хакната.

Друг маж новинар напишал: „Многу е тешко да се вратите на темите кои предизвикале непријателски коментари и навреди. Се нaоѓам во ситуација како се самоцензурирам.“ Тоа е закана по независноста на новинарството.

Решавање на проблемот

Менџерите долго бараат начини да го решат проблемот, вклучувајќи и робустни политики на модерирање. Новинарите пријавија дека креираат нови идентитети на интернет и бараат од колеги да одговорат на нападите, одговарајќи и јавно и приватно.

Анкетата е спроведена пред нападите на Доналд Трамп врз новинарите да станат рутина. Загрижувачки е што овој вид насилство може да се легитимизира и охрабрува со неговите постапки, особено по неговиот линк неделава до видео поставено од негов фан во кое глуми тепачка пред боречки ринг при што главата на неговиот противник е заменета со лого на СиЕнЕн. Очекувано, мрежата го обвини претседателот за поттикнување насилство врз новинари.

Невидлива последица е ефектот врз онлајн дебатата. Повеќе од половина од испитаниците рекоа дека повеќе не ги читаат коментарите под нивните статии, што значи дека прекинале директна интеракција со нивните читатели. Еден испитаник рече:

Како за маж, најголем дел од злоставувањето е тривијално – глупави детски провокации. Но обемот може да биде исцрпувачки. Проблемот е што понекогаш во коментарите се крие злато. Но мора да копате длабоко низ сите глупости за да го пронајдете. Јас тоа не го правам.

Така, легитимните читатели се казнети заради однесувањето на мал број насилни корисници. Како крајна мерка, некои сајтови ја исклучиле можноста за коментирање бидејќи модерирањето едноставно одзема премногу време. Помеѓу нив се големи провајдери на вести како The Week, Reuters, Popular Science и новинскиот сајт од ЈужнаАфрика news24.com.

Очигледно вреди да се биде некооперативен, но британскиот печат веќе долго време е критикуван поради неговата ароганција. Злоставувањето може само да ја влоши таквата состојба бидејќи новинарите одбиваат да комуницираат со читателите на интернет и го продлабочуваат јазот помеѓу печатот и неговата публика, кога всушност е потребен поблизок однос.

Анкетата е спроведена главно помеѓу британски медиуми, но проблемите кои произлегуваат од злоставувањето на новинарите и ефектот што тоа го има врз дебатата е проблем во целиот свет. Сега работам на меѓунаодна анкета со Trollbusters чија цел е да им помогне на новинарите кои се соочени со злоставување. Новинарите се добредојдени да земат учество тука.

Колку повеќе знаеме за онлајн злоставувањето врз новинарите, толку подобро решение можеме да најдеме за да го неутрализираме.

The post На онлајн троловите не смее да им се дозволи да заплашуваат новинари appeared first on ССНМ.

Продолжи со читање

  • Елаборат за четириесетите – XL Средби на извидници Велес 2026

    Почитувани извидници, извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес одбележувајќи ја седмата деценија на постоење на извидништвото во Велес и Денот на Државноста на Македонија, Ве поканува на традиционалните XL Средби на извидници 2026. Во периодот од 1975 до 2026 година, успевaме да организираме четириесет Средби на извидници од кои последните…

  • Ново регионално партнерство: Здружението започнува проект поддржан од Western Balkans Fund и Европската Унија

     Со голема чест и задоволство споделуваме дека Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености е добитник на грант од Фондот за Западен Балкан (Western Balkans Fund), кофинансиран од Европската Унија! На 24 и 25 јуни 2026 година во Тирана, Албанија, присуствувавме на дводневната партнерска работилница и свечената церемонија…

  • Успешно реализирана XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026“

    Иако регатата се одвива по 26-ти пат, ова е трета година во која пловидбата заврши во Солун, идентично како онаа на велешките трговци во минатото. Чамците растоварени, пловењето успешно завршено, се сумираат впечатоците од Вардарска регата „Гемиџии“ која по 26-ти пат ја оживеа традицијата и патшествието на велешките трговци во…

  • Од отпад до производ: Како био-отпадот станува дел од нашето секојдневие

    Био-отпадот претставува органски отпад кој потекнува од домаќинствата, пазарите, градините и прехранбената индустрија. Во оваа категорија спаѓаат остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе, лушпи од јајца, лисја и трева.
    Иако најчесто се третира како отпад, био-отпадот претставува вреден ресурс. Во контекст на циркуларната економија, тој се користи како суровина за создавање нови материјали, енергија и производи што повторно се враќаат во економскиот циклус.

    https://unsplash.com/photos/person-holding-eco-not-ego-signage-_kB9NKpErH4
    Во традиционалниот модел, био-отпадот најчесто завршува на депонии, каде што при разградување без кислород се создава метан – силен стакленички гас кој придонесува за климатските промени. Во циркуларниот пристап, истиот отпад се третира како ресурс и се трансформира во компост, биоматеријали, природни ѓубрива и иновативни производи. На овој начин се намалува количината на отпад, се намалуваат емисиите и се поттикнува развој на зелени технологии и локални бизниси.
    Овој пристап е тесно поврзан со пораката „Eco, not ego“, која потсетува дека одржливите избори ја ставаат еколошката одговорност пред краткорочната индивидуална удобност. Со тоа, био-отпадот се гледа не како проблем, туку како почеток на нов циклус на вредност, обновување и одржлив развој.

    Примери на продукти изработени од био-отпад

    Биопластика и дизајн-предмети од талог од кафе – Coffeefrom (Италија): Италијанскиот стартап Coffeefrom го претвора искористениот талог од кафе во биопластика и композитни материјали кои се користат за дизајнерски производи, пакување и индустриска примена, покажувајќи дека дури и секојдневниот отпад може да добие нова вредност.

    (Извор: EU-Startups, август 2025 – eu-startups.com | Renewable Matter – renewablematter.eu)

    Биоразградливо пакување од мицелиум и земјоделски отпад – Grown.bio (Холандија): Компанијата Grown.bio користи мицелиум и земјоделски отпад за производство на целосно биоразградливи пакувања и изолациски материјали кои нудат одржлива алтернатива на пластиката и стиропорот.

    (Извор: European Circular Economy Stakeholder Platform – circulareconomy.europa.eu | Saladplate, октомври 2025 – saladplate.com)

    Еко-кожа од манго отпад – Fruitleather Rotterdam (Холандија): Fruitleather Rotterdam го рециклира отпадот од манго што не ги исполнува пазарните стандарди и го претвора во издржлив вегански материјал кој се користи за изработка на чанти, паричници и други модни производи.

    (Извор: Plant Based News, мај 2025 – plantbasednews.org | Nature Biotechnology, 2025 – nature.com)

    Фото:https://unsplash.com/photos/a-pile-of-garbage-sitting-on-top-of-a-grass-covered-field-pprCuLQopHw
    Овие примери покажуваат дека отпадот не мора да биде проблем кој треба да се отстрани. Со соодветна креативност, технологија и визија, тој може да стане вреден ресурс кој создава нови производи, нови работни места и помало влијание врз природата.
    Циркуларната економија нè учи дека секој материјал има потенцијал за нов живот. Наместо да гледаме на био-отпадот како нешто без вредност, можеме да го препознаеме како можност за иновации и одржлив развој. Токму во оваа промена на перспективата лежи клучот кон поодржлива иднина.
     
    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
    Автори: Јасмина Петровска, Еко Логик и Ана Серафимова, Еко Логик

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор