ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА КОАЛИЦИЈА СЕГА (2017)
Објавено: 11/07/2017
(Скопје, 07 јули 2017 година) Коалиција на младински организации СЕГА го одржа своето Годишно Собрание во хотел Континентал, Скопје.
Согласно дневниот ред беше усвоен записникот од претходната седница на Собранието, програмскиот и финансискиот извештај за работа за 2016 година како и Годишната програма на СЕГА за 2017 година. Исто така на Собранието се направи преглед на Нацрт Стратешки План на СЕГА за периодот од 2018 – 2022 година, како и презентација на новитети во работата на СЕГА за нареден период.
Следно, г-ѓа Сунчица Саздовска од канцеларија на ТАКСО во Р.Македонија ги презентира наодите од Извештајот за овозможувачка околина за развој на граѓанското општество во Македонија 2016.
Коалиција на младински организации СЕГА е национална платформа на младински организации активна во полето на лобирање за промени во младинските политики, посветена кон подржување на младинскиот активизам, подобрување на пристапот до информации и учеството на младите луѓе во активности за решавање на нивните проблеми.