Opst 1024x576 1.jpg

Мониторинг: Општините и социјалните услуги во заедницата

Усвојувањето на Националната стратегија за деинституционализација 2018-2027 „Тимјаник“ во 2018 година, во Република Северна Македонија го зацрта преминот од институционална грижа кон систем за социјална грижа во семејството и заедницата со поддршка од социјалните служби. Во 2019 година стапи во сила новиот Закон за социјална заштита, чија цел е да се воведат системски промени кои овозможуваат непречено реализирање на тековните процеси на деинституционализацијата, децентрализацијата и плурализацијата во обезбедувањето социјални услуги.

Носители на социјалната заштита, покрај државата се и општините и градот Скопје. Тие треба да усвојуваат мерки за социјална заштита и да воведат нови квалитетни социјални услуги што ќе одговорат на потребите на заедницата. Според законот, општините, исто така, добија и значително поважна улога за стратешко планирање и обезбедување услуги преку формирањето општински совети за социјална заштита и совети за социјална заштита на планските региони.

Законот за социјална заштита дефинира шест категории социјални услуги што треба да ги овозможат општините: (1) Услуги за информирање и упатување; (2) Стручна помош и поддршка; (3) Советување; (4) Услуги во домот (помош и нега во домот и лична асистенција); (5) Услуги во заедницата (дневен, времен престој, ресоцијализација, рехабилитација, реинтеграција, одмена на семејна грижа и куќа на половина пат) и (6) Услуги за вон-семејна заштита (живеење со поддршка, згрижување во друго семејство и сместување во установа).

Пет години по усвојувањето на законот, НВО Инфоцентарот во соработка со партнерските организации (Спектар од Крива Паланка, Организација на жените од Струмица, Граѓанската иницијатива на жени од Свети Николе и Активо од Велес), во периодот јуни – септември 2024 година, спроведе мониторинг на шест општини: Струмица, Ново Село, Свети Николе, Велес, Крива Паланка и Куманово.

Преку пристапот до информации од јавен карактер, интервјуа со општинската администрација и преку следење на интернет-страниците на општините, мониториравме како се спроведува Законот за социјална заштита односно мониториравме дали општините имаат социјален план, социјален совет и дали користат сервис од лиценцирани даватели на социјални услуги. Исто така, набљудувавме кои социјални услуги им се обезбедуваат на ранливите категории граѓани на локално ниво, дали се воведени нови социјални услуги, како се финансираат услугите и др.

Мониторингот се реализираше во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, финансиски поддржан од меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.

Општи наоди

Податоците од мониторингот покажуваат дека речиси сите општини даваат социјални услуги, но тоа најчесто не се нови услуги, туку станува збор за услуги кои локалните самоуправи ги обезбедувале уште пред донесувањето на новиот закон.

Има општини кои и после пет години од влегувањето во сила на законот се уште не подготвиле и усвоиле социјален план. Некои општини, пак, го донеле социјалниот план дури годинава. Повеќето од општините кои имаат социјални планови и кои предвиделе бројни социјални услуги, се уште не ги обезбедиле планираните социјални сервиси за граѓаните.

Општина Ново Село нема социјален совет, нема социјален план и се уште не го започнала процесот за негова подготовка. Оваа општина не издвојува буџетски средства за реализација на социјални услуги, но сепак во општината се обезбедува сервис од еден лиценциран давател на социјални услуги со средства обезбедени преку МТСП.

Социјалниот план на Свети Николе е донесен во 2024 година, а формиран е и социјален совет. Во оваа општина нема лиценциран давател на социјални услуги.

Во Струмица се уште не е започнат процесот на изработка нов социјален план, иако постојниот истекува годинава. Во Социјалниот план на Општина Струмица (2021 – 2024) предвидени се вкупно седум социјални услуги, а според добиените информации, заклучно со 2023 година, обезбедени се само две услуги наменети за  стари и изнемоштени лица и за лица со попреченост. Општината има социјален совет, а на нејзина територија работат пет лиценцирани даватели на услуги.

Во социјалниот план на Крива Паланка за периодот од 2021 до 2024 година предвидени се девет нови социјални услуги. Досега се испорачуваат само три (дневен центар за лица со интелектуална и умерена попреченост, дневен центар за активно стареење,  и помош и нега во домот), а во фаза на реализација е домот за стари лица. Процесот за подготовка нов социјален план се уште не е започнат. Општината има социјален совет и еден лиценциран давател на социјални услуги.

Во Велес од десет предвидени социјални услуги во согласност со Социјалниот план 2021-2025, до крајот на 2023 година обезбедени биле само четири вида услуги (сервисни услуги за стари лица, персонална асистенција, центар за социјална инклузија и мал групен дом за лица со попреченост). Општината има социјален совет, а на нејзината територијата функционираат два субјекта лиценцирани даватели на услуги.

Иако Социјалниот  план  на Општина Куманово (2023-2026) се реализира неполни две години, најголем дел од предвидените социјални услуги веќе се воспоставени, а програмите за социјална заштита за 2023 и 2024 година се изготвени во согласност со овој стратешки документ. Општината има социјален совет, а лиценцирани се и неколку даватели на социјални услуги.

Повеќето од општините кои имаат социјален план не подготвуваат годишна програма на активности според донесениот социјален план. Програмите за реализација на социјалниот план сè уште се составен дел на годишните програми за социјална заштита. Станува збор за одамна усвоена практика. Не се подготвуваат ниту завршни годишни извештаи за реализација на годишните програми, а со самото тоа и на социјалните планови.

Средствата потребни за успешно спроведување на социјалните услуги во локалните самоуправи главно се обезбедуваат од МТСП, странски донации и општинските буџети.

Ограничениот број лиценцирани даватели на услуги претставува дополнителен предизвик за воведување нови социјални услуги во некои од општините.

Прочитајте ја целосната анализа од мониторингот Општините и социјалните услуги во заедницата

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение Центар на активни граѓани АКТИВО Велес

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор