1.jpg

Национална Работилница за дефинирање препораки за измени и дополнувања на Законот за младинско учество и младински политики

Во периодот од 29 октомври до 1 ноември 2024 година, во Струга, беше одржана национална работилница која претставуваше завршна средба во рамки на широкиот консултативен процес за измени и дополнувања на Законот за младинско учество и младински политики. На работилницата учествуваа повеќе од 40 претставници на младински организации, национални институции и тела, кои заедно придонесуваат за дефинирање на финалните препораки за измени и дополнување на постојниот закон.

Целта на оваа работилница беше да се создаде силна и инклузивна правна рамка која ќе обезбеди поголемо учество и вклученост на младите во донесувањето одлуки кои директно влијаат на нивниот живот и иднина. Работилницата беше дел од подолгорочен процес на консултации, што Коалиција на младински организации СЕГА ги спроведува во партнерство со Национален младински совет на Македонија и Сојуз за младинска работа.

Законот за младинско учество и младински политики има директно влијание на младите и нивната активност во општеството. Измените на Законот за младинско учество ќе помогнат во создавање услови за поголема вклученост на младите во сите аспекти на животот: од образованието и работата до заштитата на нивните права и развојот на инклузивни програми што ги охрабруваат да ги истражат своите потенцијали. Вклучувањето на младите во донесувањето одлуки не само што ја зајакнува нивната позиција во општеството, туку и овозможува создавање на политики што одговараат на реалните потреби и амбиции на младите генерации.

Работилницата се фокусираше на идентификување на клучните прашања, како што се зголемување на можностите за младинско учество во процесите на донесување одлуки на сите нивоа, засилување на меѓусекторската соработка и унапредување на механизмите за поддршка на младинските политики. Очекувањата се дека финалните препораки и имплементација на новите измени ќе доведат до значајни подобрувања во младинската политика и ќе ја поттикнат младинската независност и креативност во развојот на заедничката иднина.

Консултативниот процес е дел од проектот “Граѓанското општество во унапредување на регулативата за млади ” поддржан од регионалниот проект SMART Balkans – Граѓанското општество за поврзан Западен Балкан, имплементиран од Centar za promociju civilnog društva, Center for Research and Policy Making и IDM Albania, финансиски поддржан од Министерство за надворешни работи на Кралството Норвешка.

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор