Magdalena ilievska.webp

Магдалена Илиевска е добитничка на „МОФ награда за медиумска извонредност кај младите“

Магдалена Илиевска со својот труд именуван „Културен мозаик на вредности“ е победничка на јавниот повик на Младински образовен форум за „МОФ награда за медиумска извонредност кај младите“.

Повикот беше дел од проектот „Младите во Западен Балкан – Виртуелна разгледница“, на кој можеа да учествуваат млади од 15 до 30 години од Македонија кои активно се занимаваат со медиуми, новинарство или медиумска писменост.

Учесниците на повикот можеа да изберат тема за улогата на младите на Западен Балкан, за иновативен приста кон медиумската писменост и дигиталниот активизам, или тема за интеркултурен дијалог. Трудовите можеа да бидат во било кој мулдимедијален формат – подкаст, есеј, напис, мим, видео, фотографија или кој било друг форма.

Во продолжение, прочитајте го победничкиот труд на Магдалена Илиевска:

Културен мозаик на вредности

Еден од главните предизвици со кои се соочуваат сите земји од светот, а посебно земјите од Западен Балкан е мултикултурализмот. Мултикултурализмот претставува постоење на повеќе култури на еден простор, при што ниедна од нив не е доминантна, туку сите од нив се прифатени и се потпираат една на друга со цел да си овозможат заедничка егзистенција. Поимот мултикултурализам се поистоветува со поимот демократија, бидејќи идејата за демократија потекнува од два клучни принципи: индивидуална автономија и еднаквост (рамноправност). Мултикултурализмот во себе вклучува и меѓукултурен дијалог. Меѓукултурен дијалог означува отворена размена на мислења помеѓу поедницни и групи со различно етничко, културно, јазично или верско потекло, врз основа на заемно почитување. Меѓукултурниот дијалог претставува моќно средство за надминување на конфликтите, стереотипите и поттикнување за водење на дијалог и ислушување на другите, кои се од различни култури, верски заедници и сл. Со постоењето на мултикултирализам и меѓукултурен дијалог се негуваат човековите права и владеење на правото. Ричардсон и Фоуерс мултикултурализмот го дефинирале како социјално-интелектуално движење, кое сфаќајќи ја различноста како основна карактеристика и основен принцип за изразување на сопствениот идентитет, поставува барање за рамноправност меѓу сите културни групи.

Република Северна Македонија од секогаш била мултикултурно општество. На нејзина територија живееле и живеат: Македонци, Срби, Албанци, Бошњаци, Власи и др. Тоа претставува потенцијал, предизвик и мозаик за развој на нашата држава и општеството, кој може да претставува пример за соживот на соседните држави. Иако Уставот на Република Северна Македонија им гарантира права и слободи на сите граѓани, како и заштита на националните малцинства, еден од клучните правни акти за внатрешното уредување на малцинските права во Република Северна Македонија е Охридскиот рамковен договор, склучен на 13 август 2001 година, во текот на ескалацијата на насилствата помеѓу етнички албанската ОНА и македонските вооружени сили во Конфликтот од 2001. Истиот бил потпишан од најголемите политички претставници од тоа време и специјални претставници на ЕУ и САД.  Со него се гарантира дека мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува и да најде свој одраз во јавниот живот. Овој договор го промовира мирот и хармоничниот развој на едно современо општество, почитувајќи го етничниот идентитет на сите граѓани. И покрај тоа што со склучувањето на Охридскиот рамковен договор, Република Северна Македонија стана мултикултурна држава, најголем дел од истражувањата покажуваат меѓуетничка поделеност и предрасуди.

Најголеми етнички стереотипи се присутни кај младите од сите националности. Следстено на тоа може да се каже дека иако Република Северна Македонија се промовира како мултикултурна држава, далеку сме од тоа. Се’ уште го немаме искористено и достигнато  целукопниот потенцијал за градење на едно општество за сите. Општество каде што ќе владее толеранцијата, како главен предуслов и каде што ќе се изгради културен мозаик на вредности, орнамент од различни култури. Толеранцијата значи почитување на различностите и водење на интеркултурен дијалог на повиско ниво. За постикнување на тоа потребен е придонес на секој еден од нас, а најголема улога во градење на мултикултурно општество ја имаат токму медиумите. Потребно е промовирање на успешни и позитивни приказни за градење на соживот во мултикултурно општество, за да можеме мултикултурата да ја сфатиме како вредност и да стане наше најголемо национално богатство. Потребно е градење на регинален мултикултурен центар, каде што би можеле да учиме едни за други преку заеднички проекти. Организирање на мултикултурни кујни, каде што би можеле да се запознаеме со традиционални јадења од различни култури и националности, бидејќи култура во себе носи свои вредности и карактеристики.

Само преку запознавањето на различностите на другите, истите би можеле да ги почитуваме и прифатиме како предности и да ги изградиме мостови на разбирање едни со други.

„Две нешта ја исполнуваат душата секогаш со понов и со поголем восхит – тоа се ѕвезденото небо над мене и моралниот закон во мене“.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Младински Образовен Форум

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор