[Aggregator] Downloaded image for imported item #43616

Локалните заедници имаат знаења, капацитети и ресурси сами да ги изнаоѓаат решенијата за своите предизвици

Повеќе од 30 претставници од граѓански организации, фондации, локални иницијативи од Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Германија, покажаа дека локалната филантропија е двигател на одржливи промени. Низ дводневни активности на 21.10.2025 и 22.10.2025 го заокруживме спроведувањето на ЕУ проектот „Фондации на заедницата – Зајакнување на локалната филантропија во Западен Балкан“ преку споделување инспиративни примери, размена на знаења, зацврстување на регионалното партнерство и заедничко делување за зајакнување на фондациите на заедницата во регионот.

Ја промовиравме и публикацијата „Зајакнување на филантропијата во заедниците на Западен Балкан – Приказна за отпорност и грижа“, продукт од самиот проект. Публикацијата е достапна на следниот <<линк>>.

Активностите се одржаа во рамки на проектот „Фондации на заедницата – Зајакнување на локалната филантропија во Западен Балкан“ е спроведен од здружението „Конект“ во партнерство со „Траг“ фондација од Србија и „Фондација на заедницата Тузла“ од БиХ. Проектот е финансиран од Фондот за Западен Балкан Western Balkans Fund и ко- финансиран од Европската Унија, како дел oд седмиот повик за предлози, во рамки на заедничката акција на Фондот за Западен Балкан и ЕУ. Проектот е ко-финансиран од Европската Унија, преку ИПА III – Инструментот за претпристапна помош.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на КОНЕКТ

Продолжи со читање

  • Јавен надзор над јавните набавки: неправилности и отстапувања во три големи јавни набавки

    СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ Денес, 19 март 2026 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.1). Издвојуваме дел од клучните наоди: 1. Тендер за корисниците на народни кујни во Скопје: За 1,5 милиони евра, храната се дели на улица и не секогаш според договореното Договорот за јавна набавка на готови оброци за корисниците на народни кујни во вредност од 1,5 милион евра не се спроведува во…

  • Превенција што дава резултати: објавени националните стандарди за превенција од употреба на дроги

    ХОПС – Опции за здрав живот Скопје го објави документот „Национални стандарди за превенција од употреба на дроги“, развиен во рамките на проектот за воспоставување национален систем за превенција во средните училишта, со поддршка од Европската Унија. Овие стандарди претставуваат сеопфатна рамка за планирање, спроведување, следење и проценка на превентивните активности на национално и локално […]
    The post Превенција што дава резултати: објавени националните стандарди за превенција од употреба на дроги appeared first on ХОПС.

  • Легалната миграција и правата на странците во фокус на втората тематска дискусија

    На 10 март 2026 година, во хотел Холидеј Ин во Скопје, се одржа настанот „Легална миграција и правата на странците: состојби и предизвици“, како продолжение на дискусијата одржана на 16 декември 2025 година. Настанот беше организиран од Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамките […]
    The post Легалната миграција и правата на странците во фокус на втората тематска дискусија appeared first on Myla.

  • Благодарница за организација и постигнати резултати во крводарителството и покажана хуманост и солидарност

    На 17.3.2026 год. (вторник), по повод 17 март – Ден на крводарителството во конференциската сала во хотел Интернационал во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес се организираше Свечен настан за доделување на јубилејни признанија за крводарителството. Во рамките на овој настан беше доделена Благодарница…

  • Метаморфозис објави истражување за ефектите од дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси

    Фондацијата „Метаморфозис“ го објави истражувањето „Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во 2025 година“, кое анализира како дезинформациите и пропагандните наративи влијаат врз јавната дебата, довербата во институциите и учеството на граѓаните во демократските процеси. Истражувањето комбинира анализа на дезинформациски наративи и анкета на репрезентативен национален примерок, со што […]

  • Како да се сопре падот на критичкото размислување?

    Критичкото размислување е основа на демократските општества, но и на научното истражување и на интелектуалната слобода и независност. Во рамките на една функционална демократија критичкото размислување им помага на граѓаните да ги оневозможуваат злоупотребите на власта и да им се спротивстават на манипулациите. Тоа е и вештина што филозофите, од Сократ до Џон Стјуарт Мил, […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор