[aggregator] downloaded image for imported item #40943

Успешно завршен четиридневниот StreetSmart Kick-off Training: Практика, знаење и нови можности за учење надвор од училница

Четиридневниот StreetSmart Kick-off Training заврши успешно, оставајќи зад себе силна мотивација, нови идеи и јасна визија за примена на алатките за учење во заедницата. Тренингот, организиран во партнерство со Mobile School – StreetSmart, ни овозможи да стекнеме длабинско разбирање за едукативниот пристап, методологијата и потенцијалот на знамињата кои ја претвораат улицата во простор за учење.

Во рамки на програмата, имавме можност да поминеме низ структурирана и практична обука, заснована на учење преку искуство, интеракција и тестирање во реални услови. Особено значајно беше спроведувањето на практична сесија со ученици од ООУ „Петар Поп Арсов“, што ни овозможи да видиме како StreetSmart алатките функционираат во директна комуникација со деца. Ова искуство покажа дека просторот надвор од традиционалната училница може да стане еднакво инспиративно, мотивирачко и безбедно место за учење.

Горди сме што станавме првата организација во Македонија која го доби целокупниот сет од 49 едукативни StreetSmart знамиња. Овој комплет претставува значаен ресурс што ќе ни овозможи да креираме динамични активности, да ги поддржиме едукаторите и да обезбедиме квалитетни неформални едукативни сесии за деца од различни заедници.

Покрај практичниот дел, последниот ден од тренингот беше посветен на евалуација, размена на искуства и планирање на следните чекори. Добиените насоки и препораки од StreetSmart тренерите се од голема важност за понатамошната имплементација и адаптирање на активностите во локален контекст. Особено го цениме нивниот професионален и отворен пристап, кој создаде средина во која секој учесник се чувствуваше поддржан да учи, да се изрази и да напредува.

За нас е чест што сме дел од StreetSmart мрежата и што имаме можност да ја примениме оваа меѓународно призната алатка во едукацијата на деца и младинци во Македонија. Веруваме дека ова е значаен чекор кон унапредување на пристапот кон учење надвор од училница, промовирање еднакви можности и креирање позитивни промени во заедницата.

Следуваат активности, пилот-работилници и споделување примери од практиката – со цел да се доближи концептот на StreetSmart до училиштата, организaциите и локалните заедници ширум земјата.

Со нетрпение ги започнуваме следните фази, со јасна цел заедно да го направиме учењето подостапно за децата – таму каде што тие растат, се движат и живеат.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор