[Aggregator] Downloaded image for imported item #45445

Координативен состанок со Градоначалникот на општина Вевчани и директорката на Н.П. „Еремја“ во општина Вевчани во рамките на проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во југозападниот регион“

image

Во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападниот регион“, спроведуван од Здружение на еколози Натура”-Струга, во партнерство со Извиднички одредМирко Милески, поддржан од Швајцарската Влада преку Цивика мобилитас, се одржа координативна средба со претставници на Општина Вевчани.

На средбата беа разгледани можностите за институционална соработка во рамки на проектните активности.

Цел на средбата

На средбата беа презентирани:

  • Активностите за поставување граѓански инструменти за мерење на квалитетот на воздухот во Вевчани
  • Избор на соодветни локации во координација со јавното претпријатие
  • Улогата на општината во функционирањето на регионалната мрежа за мониторинг
  • Вклучување на граѓаните и локалните институции во процесот на следење и јавен дијалог

Градоначалникот и Директорката изрази подготвеност за соработка и институционална поддршка.

Оваа средба претставува значаен чекор кон зајакнување на партнерството меѓу граѓанскиот сектор и локалните институции во Вевчани, со цел зголемена транспарентност и подобрување на политиките за заштита на животната средина и чист воздух за сите граѓани.

Проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападниот регион“ има за цел да го подобри управувањето со квалитетот на воздухот преку активно граѓанско учество, пристап до отворени податоци и соработка со општините во Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево.

Што ќе постигнеме?

  • Поставување на најмалку 30 граѓански инструменти (Климерко) за мерење на квалитетот на воздухот, поврзани со јавната платформа www.klimerko.org
  • Обука на 100 граѓани, наставници и млади активисти за мониторинг и користење на податоци
  • Формирање на Регионален граѓански совет за воздух за редовен дијалог со општините

Клучни активности

  • Мапирање и избор на локации
  • Инсталација и поврзување на инструментите
  • Инфо-кампања за подигање на јавната свест
  • Организирање обуки и јавни форуми
  • Подготовка на препораки за локални политики за чист воздух
  • Регионална завршна конференција

Очекувани резултати

  • Функционална регионална мрежа со јавно достапни податоци
  • Зајакнати капацитети на граѓаните за активно учество
  • Структуриран и континуиран дијалог меѓу граѓаните и општините
  • Конкретни препораки за политики за чист воздух во најмалку 5 општини

Проектот создава модел на граѓанска наука и партнерство, каде податоците стануваат алатка за транспарентност, одговорност и одржлива зелена иднина за регионот

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Здружение на еколозите Натура – Струга и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

#CHinMK#CivicaMobilitas

Civica MobilitasEmbassy of Switzerland in North Macedonia

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“

Продолжи со читање

  • Работилница посветена на здравјето на мајките и децата во Прилеп

    На 02.04.2026 година, во Прилеп реализиравме едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен акцент на мајчиното ментално здравје. На работилницата учествуваа 19 жени – трудници и мајки кои се породиле во изминатите шест месеци. Учесничките добија практични и корисни информации за тоа како да го унапредат…

  • Превенцијата не смее да биде привилегија: Бесплатни прегледи по повод Светскиот ден на здравјето

    По повод Светскиот ден на здравјето, кој годинава се одбележува под мотото „Заедно за здравје – застани зад науката“, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација […]

  • Бараме итна истрага за серијата онлајн напади кон „Слободен печат“

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на повторените координирани ботски напади врз официјалните Инстаграм профили на медиумот „Слободен печат“, од кои последните два се случија во изминатите 48 часа, вклучително и нападот од утринава. Според достапните информации, во рок …

  • ФТ Став 69 за инфлацијата во месецот по отпочнувањето на воениот конфликт меѓу САД/Израел и Иран

    Државниот завод за статистика ги објави бројките за движењето на цените во март 2026, што е прв месец по почетокот на воениот конвликт меѓу САД/Израел и Иран. Според овие податоци, на месечно ниво, цените пораснале за 0.7%, додека на годишно ниво за 4.9%. Поради зголемените очекувања за динамизирање на порастот на цените предизвикано од наглото […]
    The post ФТ Став 69 за инфлацијата во месецот по отпочнувањето на воениот конфликт меѓу САД/Израел и Иран first appeared on Finance Think.
    The post ФТ Став 69 за инфлацијата во месецот по отпочнувањето на воениот конфликт меѓу САД/Израел и Иран appeared first on Finance Think.

  • Хуманитарна оперска гала вечер

    УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАНА ХУМАНИТАРНА ОПЕРСКА ГАЛА ВЕЧЕР Со голема благодарност и исполнети срца споделуваме дека Хуманитарната оперска гала вечер е успешно реализирана, како дел од нашата кампања “Заедно за нов дом” посветена на поддршка на лицата со попреченост и зголемување на капацитетите на социјалната услуга “Живеење со поддршка” Оваа вечер беше…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор