19 02 2026

УСПЕШНА ПИЛОТ ИНТЕРВЕНЦИЈА НА NBS СПРОВЕДЕНА ВО ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА!

Вчера успешно ја завршивме пилот-акцијата за Решенија базирани на природата (NbS) во општина Кисела Вода. Во присуство на градоначалничката на Кисела Вода, г-ѓа Бети Стаменковска, заедно со локални активисти и општински претставници, извршивме садење дрвја и грмушки во населбата 11-ти Октомври, во Шаховскиот парк.

Оваа „зелена“ интервенција, покрај естетското подобрување на јавниот простор, има јасна цел за животната средина и јавното здравје:

  • за подобрување на топлинската удобност, намалување на ефектот на урбан топлотен остров и создавање попријатна и поздрава средина за секојдневна употреба и рекреација и на младите и на постарите жители.
  • Настанот го завршивме со формална средба со градоначалничката Бети Стаменковска, за време на која ја потврдивме нашата посветеност на зајакнување на меѓусебната соработка преку спроведување на слични иницијативи во сите области на заштита на животната средина.

Активноста е имплементирана во рамките на проектот „Решенија базирани на природата за унапредување на ублажувањето на климатските промени во градот Скопјe“, финансиски поддржан од Канадскиот фонд за локални иницијативи и Амбасадата на Канада во Белград, Србија.

Природата не е само жртва на климатските промени – таа е клучен дел од решението.
Ќе продолжиме да спроведуваме конкретни акции што носат видливи промени на локално ниво!

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на граѓани ФЛОРОЗОН-Центар за еколошка демократија Скопје

Продолжи со читање

  • Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи

    КОМПАС: Мониторинг на Владините ветувања (2024-2028): наоди од првите две години Скопје, 17 јуни 2026 Finance Think, во партнерство во Македонскиот центар за граѓанско образование, Македонското лекарско друштво- Здружение за интерсекторска соработка и Младинскиот образовен форум, ја претставува надградената мониторинг рамка КОМПАС за системско следење на реализацијата на владините ветувања за периодот 2024–2028. Оваа рамка […]
    The post Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи first appeared on Finance Think.
    The post Половина од владините ветувања напредуваат, но секторските разлики остануваат големи appeared first on Finance Think.

  • ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЖЕНИТЕ И ВЛАСТИТЕ ВО ШТИП

    На 28.05.2026 година во просториите на Работничкиот универзитет во Штип се одржа настан за воспоставување дијалог помеѓу жените и власти, со цел да се создаде овозможувачка средина за развој на женското претприемништво и економското јакнење на жените. На настанот присуствуваше заменик-градоначалникот и советник во Општина Штип, Атанас Крстовски, кој ја истакна важноста од активно учество…

  • Експертска дискусија: Правни и институционални предизвици во областа на шумите и нелегалната сеча

    Околу 40% од територијата на Северна Македонија е покриена со шуми, кои претставуваат еден од најзначајните природни ресурси во државатa. Секоја година во државата се трошат околу 2.165.000 m³ огревно дрво, а проценките покажуваат дека повеќе од половина од ова количество потекнува од нелегална сеча. Нелегалната сеча, шумските пожари, деградацијата на шумите, ограничените ресурси и […]

  • Годишно собрание на ХЕРА: отчетност, ново раководство и јасни приоритети за иднината

    ХЕРА го одржа редовното Годишно собрание, на кое пред членството беа презентирани постигнувањата од 2025 година, беше усвоен Годишниот финансиски извештај и се дискутираше за […]

  • XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026” ќе плови до Солун

    На 12.6.2026 (петок) делегација на Вардарската регата Гемиџии беше примена од Градоначалникот на Велес г-дин Mарко Колев. Делегацијата во состав м-р Ангелче Гушев, Владимир Ивановски – Вуцо, Владимир Стојанов и Михаел Здравковски во целост го запознаа Градоначлмикот за програмските активности на Вардарската регата “Гемиџии“. Регатата запловува на 18 јуни со…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор