[Aggregator] Downloaded image for imported item #45631

Работен состанок на редакцијата на Локал Актив Пелагонија во Прилеп

Институтот РЕСИС на 17 февруари организираше состанок на редакцијата на медиумот на заедницата Локал Актив Пелагонија во Прилеп, на кој учествуваа новинарите и активистите од Пелагонискиот регион кои во изминатиот период соработуваа во подготовката на содржините кои беа објавувани на платформата Локал Актив Пелагонија.

Состанокот беше инициран за да се претстават новите можности за развој на медиумите на заедницата, како клучни точки во кои на локално ниво е можен одржлив развој на овозможувачка средина за граѓанското општество.

Од страна на проектниот координатор Игор Мицевски беше најавено дека во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество“ кој го спроведуваат Институтот за истражување на општествениот развој РЕСИС и Советот за етика во медиумите во Македонија – СЕММ, со поддршка од владата на Швајцарија преку програмата „Цивика мобилитас“, и кој ќе се реализира во наредните месеци –  ќе има нови можности за изработка на нови содржини кои ќе се објават на трите постоечки платформи Локал Актив.

Овие истражувачки стории е планирано да се изработат во заеднички ангажман на еден искусен и еден помлад новинар на теми од областите на екологијата и борбата против корупцијата.

„Тоа што се здружуваат новинари и активисти е фантастичен пример, бидејќи сѐ помалку новинарите се занимаваат со проблемите на граѓанското општество, а и граѓанските организации ќе добијат посилно чувство за следење на новинарските известувања, бидејќи колегите кои не ги следат правилата на добро и коректно известување треба да бидат изложени на критика за да се подобрат“, рече извршната директорка на Советот за етика во медиумите во Македонија – СЕММ во рамки на состанокот на редакцијата на Локал Актив Пелагонија.

civica 1234

Советот за етика во медиумите во Македонија секоја година ја претставува статистиката поврзана со жалбите за новинарските текстови, при што бројките за поднесени жалби се константно околу 100 годишно, освен лани кога имало двојно повеќе, или поконкретно 244 жалби, од кои Комисијата разгледала 96 и донела 47 одлуки за членови и 43 мислења за медиуми што не се членови, додека 145 жалби ги отфрлила како неосновани за постапување поради поминат рок, непознат жалител или затоа што се однесувале на странски медиуми за кои Советот не е надлежен.

На состанокот се дискутираше за ефектите од досегашните содржини објавени во рамки на медиумот на заедницата Локал Актив Пелагонија, како и за потребата од зајакнување на претстојните застапувачки активности кон засегнатите институции кои се важни за решавање на проблемите идентификувани во истражувачки приказни објавени на медиумот на заедницата.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на РЕСИС институт

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор