[Aggregator] Downloaded image for imported item #45587

Работен состанок на редакцијата на Локал Актив Пелагонија во Прилеп

Советот за етика во медиумите на Македонија учествуваше на состанок на редакцијата на медиумот на заедницата Локал Актив Пелагонија, во Прилеп, организиран од Институтот РЕСИС.  На средбата што се одржа на 17 февруари учествуваа новинарите и активистите од Пелагонискиот регион кои во изминатиот период соработуваа во подготовката на содржините кои беа објавувани на платформата Локал Актив Пелагонија.

cover civica 123

Состанокот беше со цел да се претстават новите можности за развој на медиумите на заедницата, како клучни точки кои на локално ниво помагаат одржлив развој на овозможувачка средина за граѓанското општество.

Проектниот координатор во РЕСИС, Игор Мицевски, ги информираше присутните  дека во рамки на проектот „Медиуми на заедницата за посилно граѓанско општество“, што го спроведуваат Институтот за истражување на општествениот развој РЕСИС и Советот за етика во медиумите во Македонија – СЕММ, со поддршка од владата на Швајцарија преку програмата „Цивика мобилитас“, и што ќе се реализира во наредните месеци –  ќе има нови можности за изработка на нови содржини кои ќе бидат објавени на трите постоечки платформи Локал Актив.

Овие истражувачки стории е планирано да се изработат во заеднички ангажман на еден искусен и еден помлад новинар на теми од областите на екологијата и борбата против корупцијата.

„Здружувањето на новинари и активисти е одличен пример за издигање на површина на проблемите на граѓанското општество и е можност граѓанското општество и граѓанските организации да добијат посилно чувство за следење на новинарското известување. При тоа, исклучително е важно нивните заеднички продукти да ги следат правилата за професионално, етичко известување, за што покоректно да ја информираат заедницата и да одбегнат евентуални критики“ – рече извршната директорка на СЕММ, Билјана Георгиевска, презентирајќи податоци за бројот и типот на поднесени претставки до Комисијата за жалби, во текот на 2025 година, односно за функционирањето на медиумската саморегулација.

Просечно до СЕММ  се поднесуваат околу 100 жалби годишно, но лани оваа бројка се искачи на 244 поднесени жалби. Комисијата утврди дека 96 имаат основа за да бидат разгледани, додека останатите ги  оцени како без основа за разгледување, од разни причини: поминат рок, непознат жалител, или затоа што се однесуваа на странски медиуми за кои СЕММ не е надлежна организација. civica 1234

На состанокот се дискутираше за ефектите од досегашните содржини објавени во медиумот на заедницата Локал Актив Пелагонија, како и за потребата од зајакнување на претстојните застапувачки активности кон релевантните институции, за  решавање на проблемите идентификувани во истражувачки приказни објавени на медиумот на заедницата.

disklejmer civica resis semm

Повеќе… “Работен состанок на редакцијата на Локал Актив Пелагонија во Прилеп”

Source

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор