Како институциите и граѓанскиот сектор можат заедно да изградат здрави и безбедни генерации?
Во време кога младите сè почесто се изложени на ризици, потребна е силна, здрава и координирана соработка помеѓу чинителите во образованието, здравството и граѓанскиот сектор. Успешните примери од други земји ни покажуваат дека системскиот пристап дава конкретни резултати во превенцијата на употребата на психоактивни супстанции.

Во Норвешка, програмата „Unge & Rus“ (Млади и супстанции), која активно ги вклучува заедницата и училиштата во разговори со младите, покажа извонредни резултати. Студиите докажуваат дека младите вклучени во програмата имале 16 % помала веројатност да започнат со употреба на алкохол, а меѓу оние што веќе конзумирале, кај 15 % била помала веројатност да се опиваат. Овие ефекти се одржале и една година по интервенцијата, нагласувајќи го долгорочното влијание на партнерскиот пристап.
Од препознавање до промена: Модел „Избери сам“ во Словенија
Во Словенија, програмата „Избери сам“ преку системска соработка и локален ангажман во широк спектар на училишта придонела за препознавање на ризиците и обезбедување поддршка на младите. Нејзината успешност лежи во развиената мрежа на стручњаци и институции кои се оспособени за рана детекција и ефикасна интервенција, што придонесува за забележително намалување на употребата на психоактивни супстанции преку промена на ставовите и однесувањето.
Нашата визија е токму тоа – да создадеме македонски модел, кој не е краткорочна интервенција, туку институционално прифатена и научно заснована пракса. Проектот на ХОПС „Воспоставување на национален систем за превенција на употреба на дрога во училиштата“, финансиран од Европската Унија, е наш чекор кон таа цел. Предводен од ХОПС во партнерство со граѓанскиот сектор и институциите, овој проект веќе има силна поддршка – Министерството за образование и наука официјално ја поддржа и стана партнер во иницијативата. Ова е клучен чекор кон институционализација на превенцијата – не како ад-хок активност, туку како системски пристап кој ќе го заштити здравјето и иднината на учениците и младите во Северна Македонија.

ХОПС продолжува со посветеност на системски решенија засновани на знаење, партнерство и доверба. Ова е само еден чекор од патот што го градиме заедно за да ја заштитиме нашата младина.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје


![[Aggregator] Downloaded image for imported item #46140](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/javen-nadzor-mala.png)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #46135](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/untitled-design-1-768x231.png)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #46004](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/blagodarnica_ck-838x1024-1-768x938.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #45958](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/03/sead-il3-768x512.webp)