Zheni zemjodelki naslovna.jpg

Хелсиншкиот комитет и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ги тужат Владата и Министерството за здравство поради дискриминација на жените земјоделки

Тужбата е поднесена како дел од проектот „Еднаквост сега – Зајакнување на маргинализираните заедници за социјална инклузија и недискриминација“, финансиски поддржан од владата на Швајцарија, преку Цивика Мобилитас, со грантови за граѓански ангажман.

Случајот се однесува на правната празнина со која се исклучуваат индивидуалните земјоделки од правото на платено породилно отсуство и боледување и покрај тоа што редовно плаќаат здравствено и социјално осигурување. Со ова, жените земјоделки се ставаат во нееднаква положба во споредба со останатите осигуреници, што претставува интерсекциска дискриминација по основ на пол, род, личен статус и припадност на маргинализирана група.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација веќе утврди постоење на продолжена и индиректна дискриминација од страна на Министерството за здравство, како и дека постојниот законски модел создава нееднаквост и несигурност за оваа ранлива категорија. по претставка поднесена од Мрежата за заштита од дискриминација.

Иако Владата од 2023, секоја година носи програма за поддршка на социјалната сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност, податоците покажуваат дека тие мерки се неефикасни, несистемски и нецелосно применети – од вкупно 10 барања, за две години, биле одобрени само две барања за поддршка.

Хелсиншкиот комитет и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација преку оваа тужба бараат измени и дополнување на Законот за здравствено осигурување, со цел обезбедување еднаков третман за жените земјоделки во системот на здравствена заштита. Поконкретно да се  утврди дискриминацијата, судот да наложи измени на Законот за здравствено осигурување (чл. 13, 14, 16, 17 и 18) и да се обезбеди еднаков третман за индивидуалните земјоделки во остварувањето на нивните права.

Комисијата и Хелсиншкиот комитет сметаат дека системската правна нееднаквост мора итно да се надмине со законски измени, со што конечно ќе се овозможи реална и остварлива заштита на работничките и репродуктивните права на индивидуалните земјоделки.

Оваа постапка е од јавен интерес и ја повикуваме јавноста, институциите и медиумите да ја следат и поддржат борбата против дискриминацијата на жените земјоделки, бидејќи сегашната програма на Министерството за земјоделство, преку која земјоделките треба да аплицираат за надоместоци, не претставува системско решение.

Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на швајцарската влада, Цивика мобилитас или организациите што го спроведуваат проектот.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Хелсиншки комитет за човекови права

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор