[Aggregator] Downloaded image for imported item #45901

Годишно Собрание на одредот за неговата активност во 2025

На 15.03.2026 год. (недела) во големата сала на во Домот на НВО во Велес се одржа редовното Годишно собрание на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес. Собранието се одржа по следниот ред

Процедурален дел:

Отварање на Собранието

Воведен збор на старешината

Избор на работни тела на собранието

Работно претседателство – Катерина Гушева  и Љупче Неделковски

Верификациона комисија – Зоран Пановски и Влатко Влахчев

Се работеше по следниот
Д Н Е В Е Н    Р ЕД

1.Годишен извештај за работата на ИО “Димитар Влахов“ – Велес за периодот на 2025

2.Финасиски извештај за работата на одредот  за 2025

3.Формирање на работна група за изработка на статутарни измени на Стаутот на извиднички одред “Димитар Влахов“ со промена на името на одредот

4.Предлог правилник за користење на сместувачките капацитети на одредот: камп приколката во ИЦО – Охрид и останата опрема на одредот во Велес и ИЦ “Голозинци“ во село Голозинци

5.Можности, начини и директно вклучување во изнаоѓање на начини за финансирање на одредот во наредниот период

6.Тековни проекти и активности – XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026“ и XL Средби на извидници Велес 2026

7.Тековни прашања

Собранието едногласно го усвои и извештајот за работа на одредот за 2025 и финансискиот извештај за 2025 год. Воедно беше презентиран и извештајот на Надзорниот одбор.

На Собранието донесе одлука за отпочнување на новите статутарни измени кои треба да се превземат во ревидирањето на стаутот и да се врати старото име на одредот и тоа извидничко-поречански одред “Димитар Влахов.

По четвртата точка беше разгледан предлог правиникот за користење на сместувачките капацитети на одредот. Истиот треба да се доработи и со неколку забелешки од Собранието да се разгледа на старешинство на одред и да се усвои.

По петта точка беа презентирани можностите, начините и директно вклучување во изнаоѓање на начини за финансирање на одредот во наредниот период

По шестата точка беа презентирани тековните проектни активности – XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026“ и XL Средби на извидници Велес 2026

И на крајот од Собранието беа презентирани новите проектни активности на одредот кои се поврзани со имотот на одредот.

The post Годишно Собрание на одредот за неговата активност во 2025 appeared first on Scout Veles.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

  • Јавен надзор над јавните набавки: неправилности и отстапувања во три големи јавни набавки

    СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ Денес, 19 март 2026 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Јавен надзор над јавните набавки: Студии на случај (издание бр.1). Издвојуваме дел од клучните наоди: 1. Тендер за корисниците на народни кујни во Скопје: За 1,5 милиони евра, храната се дели на улица и не секогаш според договореното Договорот за јавна набавка на готови оброци за корисниците на народни кујни во вредност од 1,5 милион евра не се спроведува во…

  • Превенција што дава резултати: објавени националните стандарди за превенција од употреба на дроги

    ХОПС – Опции за здрав живот Скопје го објави документот „Национални стандарди за превенција од употреба на дроги“, развиен во рамките на проектот за воспоставување национален систем за превенција во средните училишта, со поддршка од Европската Унија. Овие стандарди претставуваат сеопфатна рамка за планирање, спроведување, следење и проценка на превентивните активности на национално и локално […]
    The post Превенција што дава резултати: објавени националните стандарди за превенција од употреба на дроги appeared first on ХОПС.

  • Легалната миграција и правата на странците во фокус на втората тематска дискусија

    На 10 март 2026 година, во хотел Холидеј Ин во Скопје, се одржа настанот „Легална миграција и правата на странците: состојби и предизвици“, како продолжение на дискусијата одржана на 16 декември 2025 година. Настанот беше организиран од Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамките […]
    The post Легалната миграција и правата на странците во фокус на втората тематска дискусија appeared first on Myla.

  • Благодарница за организација и постигнати резултати во крводарителството и покажана хуманост и солидарност

    На 17.3.2026 год. (вторник), по повод 17 март – Ден на крводарителството во конференциската сала во хотел Интернационал во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Велес се организираше Свечен настан за доделување на јубилејни признанија за крводарителството. Во рамките на овој настан беше доделена Благодарница…

  • Метаморфозис објави истражување за ефектите од дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси

    Фондацијата „Метаморфозис“ го објави истражувањето „Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во 2025 година“, кое анализира како дезинформациите и пропагандните наративи влијаат врз јавната дебата, довербата во институциите и учеството на граѓаните во демократските процеси. Истражувањето комбинира анализа на дезинформациски наративи и анкета на репрезентативен национален примерок, со што […]

  • Како да се сопре падот на критичкото размислување?

    Критичкото размислување е основа на демократските општества, но и на научното истражување и на интелектуалната слобода и независност. Во рамките на една функционална демократија критичкото размислување им помага на граѓаните да ги оневозможуваат злоупотребите на власта и да им се спротивстават на манипулациите. Тоа е и вештина што филозофите, од Сократ до Џон Стјуарт Мил, […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор